Британски тим лекари стигнува во Македонија да помогнат во долготрајното лекување на изгорените


Тим на лекари од Велика Британија се очекува да пристигне во Македонија, да им помогнат на македонските колеги во лекувањето на пациентите со изгореници, кое е долготрајно.

Како што соопшти директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, во моментот на македонските клиники се наоѓаат лекари од Чешка и од Израел кои имаат адекватна експертиза.

– Во следната фаза треба многу специфичен третман од пластика, од респираторни повреди и понатамошна потреба за реконструктивни зафати. Денеска од Велика Британија доаѓаат експерти кои ќе ни помогнат да ја планираме следната фаза на лекувањето на пациентите, а тоа ќе трае долго – рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.