Британија не ги дава Фокландските Острови и Гибралтар


Лондон– Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека Фокландски Острови и Гибралтар се британска територија и дека тоа нема да се промени во иднина.

– Тие (Фокландите) се Британци и ќе останат Британци. Тоа е лично за мене. Сепак, за суверенитетот на Гибралтар не се преговара, истакна Стармер денеска во Вестминстер.

Неговата изјава уследи откако „Индипендент“ објави дека во Лондон се појавила загриженост за иднината на Фокландски Острови откако Велика Британија ја отстапи контролата врз островите Чагос на Маурициус.

Стармер минатата недела одби да ја разгледа можноста за ставање крај на британската контрола врз Гибралтар и Фолкландски Острови.

Кратко време по договорот помеѓу Велика Британија и Маурициус, Аргентина вети дека ќе добие „целосен суверенитет“ над групата острови во јужниот дел на Атлантски Океан, што се под британска контрола. Британската гувернерка на Фокландите, Алисон Блејк, се обиде да го увери населението дека посветеноста на Велика Британија кон јужноатлантските територии е „непоколеблива“, наведувајќи дека историските контексти на двете територии се „многу различни“.