Бран страшни убиства и силувања ја зафати Русија: Никој не може да ги спречи, а јасно е кој е виновен
Руските војници се враќаат во Русија и вршат страшни злосторства. Тоа се претежно криминалци кои Путин ги помилува и ги испрати во Украина на првата линија, а по враќањето во земјата продолжуваат со страшни злосторства
Русија се соочува со бран насилства од криминалци кои се ослободени од затвор за да се борат во војната во Украина, а потоа се враќаат дома за да го продолжат својот криминален живот.
Исто така, Русите кои немале криминално досие пред војната поради бруталноста низ која минале на првите борбени линии стануваат убијци откако ќе се вратат кај своите семејства, а уште повеќе руски борци се притворени за сексуално насилство врз деца.
Командантот на водот Александар Мамејев (44), кога се вратил од војната дома, бил приведен поради сомнение дека со нож ја убил сопругата Екатерина пред очите на нивните седум и осум годишни синови. Неговите деца морале да бидат хоспитализирани поради шок.
Војникот Сергеј Батујев (39), татко на три деца, е приведен и обвинет дека го задавил својот пријател Денис Шустов (41), чеченски воен ветеран, за време на тепачка по враќањето во областа Удмуртија. Полудениот борец планирал со посмртните останки да ги нахрани свињите, велат обвинителите. На Батујев моментално му се суди и доколку биде прогласен за виновен, се соочува со затворска казна до 15 години.
Борецот на приватната војска Вагнер, Иван Росомахин (28), бил регрутиран од затворот каде што издржувал казна за убиство. Откако Путин го помилува по шест месеци и го испрати на фронтот, по враќањето ја убил својата сосетка од селото Јулија Бујски (85).
Друг регрут на Вагнер, Георги Шиукаев (33), е осомничен за убиство на Сослан Ваљиев (38), поранешен затвореник, помалку од еден месец откако Путин го помилува, пишува Дејли Мејл.
Андреј Јакимов (49) борец доброволец ја убил сопругата Викторија Јакимова.
Друг озлогласен случај е на Александар Јонкин (23), ранет волонтер кој употребил сигнален пиштол за да направи пекол во ноќен клуб во ноември. Во пожарот во Кострома загинаа 13 лица.
Војникот Сергеј Коршунов е осуден на осум години затвор откако го избодел до смрт својот пријател за време на прекумерно пиење по враќањето од војната. Судијата му изрече лесна казна бидејќи обвинетиот бил „учесник во специјална воена операција“ во Украина.
Деветнаесетгодишниот војник Владислав А. е обвинет дека силувал девојка (17) при првото излегување од војната.
Во регионот Орлов, на 36-годишен маж кој се борел во Украина му се заканува затворска казна до 20 години, откако бил приведен поради сексуална злоупотреба на својата 10-годишна поќерка. Жената тврдела дека тој станал агресивен откако се вратил од борбите.
Војникот Евгениј К. побарал од својата девојка Надежда (36) да му испрати интимни слики од нејзината малолетна ќерка.
Рускиот војник Алексеј Крилов (33) убил таксист за време на расправија за војната. Во Тула, борец кој се враќал дома на одмор, претепал сопственик на пицерија кој не „укажал почит“ на еден од војниците на Путин.