Борис Џонсон во ненајавена посета на Киев
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска допатува во ненајавена и речиси тајна посета на Киев, каде што разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Портпаролот на британската влада изјави:
„Премиерот отпатува во Украина за лично да се сретне со претседателот Зеленски, во знак на солидарност со украинскиот народ. Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Обединетото кралство за Украина и премиерот ќе постави нов пакет финансиска и воена помош“.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Сибиха, на Фејсбук објави дека Џонсон и Зеленски одржуваат „тет-а-тет средба“.
„Велика Британија е лидер во одбранбената поддршка за Украина. Лидер во антивоената коалиција. Лидер во санкциите против рускиот агресор“, додаде тој.