Зошто Борис Џонсон не е Винстон Черчил?


По соочувањето на премиерот Борис Џонсон со корона вирусот и додека сè уште се опоравува на својот имот, еден од весниците што го поддржуваше досега фрли граната директно во неговиот оџак. Нема време за одмор и опоравување за него. „Сандеј тајмс“ дури не чекаше да се врати во Даунинг стрит за да го почне својот  разурнувачки напад околу неговата неспособност да се справи со корона вирусот.

Она што го направи нападот толку опасен е што изјавите на инсајдерите се совпаѓаат со сѐ што знаат сите за карактерот на Борис Џонсон. Па така, неименуван „постар советник“ на Даунинг стрит изјави меѓудругото: „Она што ќе го дознаете за Борис е дека тој не претседава воопшто со состаноци. Му се допаѓаат одморите на неговиот имот. Тој не работи во викенди. Тој е  како да работите со старомоден раководител на локална власт пред 20 години. Има вистинско чувство дека тој не презеде ништо за итно планирање на кризата. Се однесуваше точно така како што луѓето страхуваа дека ќе се однесува“.

Преувеличено или не, сведоштвото дека премиерот се одморал две недели во Чивенинг откако вирусот почна да се шири во Велика Британија ќе остане во сеќавањето на јавноста. Никој нема да заборави, исто така, на неговата веселост со кога на 3 март сѐ уште се ракуваше со заболени од вирусот. Ниту дека беше на преполн рагби натпревар на 7 март. Но, пред сè, дека пропушти не еден, туку сите први пет состаноци за кризата. Гордон Браун, на пример, претседаваше со секој состанок дури и кога беше во прашање само здравјето на животните. Џонсон е обвинет дека потроши 38 дена пред да преземе сериозна акција против епидемија која силно наближуваше. Според неговиот памет, Кина беше далеку. И, дури кога Италија доживеа целосен ужас – и покрај тоа што беа подобро подготвени, со повеќе кревети и оддели за поинтензивна нега – пораката беше, добро, тоа е само Италија.

За волја на вистината, никој не го избра Борис Џонсон да се справува со чума. Малата група остарени активисти во партијата го избраа заради неговиот „Брегзит“. Тој беше забавен, оптимист, популарен и, пред сè, им донесе победа на гласањето за „Брегзит“.

Мајкл Гов во неделата објави дека премиерот излегол од болницата каде што се лечеше од корона вирусот „со весел дух“, но тоа е зачудувачки несоодветно. Весел? За што? Заради добриот лов на тревниците прошарани со цветови на неговиот имот? Во време кога има околу 20.000 мртви граѓани, а голем број од нив лекари и медицински сестри. Еве, ова е погрешен човек за погрешна работа во погрешно време – ситуација поларно спротивна од доаѓањето на власт на Винстон Черчил.

Она што го прави Џонсон, особено несоодветно за овој особено мрачен момент, е неговата природна антипатија кон државата. Во говорот главно за „Брегзит“ во Гринич на 3 февруари, тој го нападна затворањето на земјата во стилот на Вухан: „Почнуваме да слушаме некоја бизарна автократска реторика секогаш кога се зголемуваат бариерите и кога постои ризик нови болести, како што е корона вирусот, да предизвикаат паника и сегрегација на пазарот“. Тој продолжи: „На човештвото му треба некоја влада некаде што е подготвена да направи моќен случај во корист на слободната размена“. Тој беше таа влада, заедно со Доналд Трамп. „Имунитетот на стадата“ беше политика на Џонсон сè додека не стана политички неодржлива, а потоа и се покажа како неспособност.

Анализата на „Фајненшел тајмс“ за набавката на вентилатори беше отрезнувачка: во извештајот се вели дека владата вклучила луѓе што не се специјалисти за да го надополни недостатокот во тимовите и завршила со производи несоодветни за пациентите со Ковид-19. И „Гардијан“ откри дека, заради штедење, имало намерно намалување за 40 отсто на опремата во складиштата наменета за итно справување со епидемија.

Секретарот за здравство на сенка, Џонатан Ешворт, побара деновиве да се објават наодите од тридневната симулација на епидемија во 2016 година, вежбата „Цигнус“ открила критичен недостиг на кревети за интензивна нега, недоволен капацитет во мртовечниците и недостиг на опрема за лична заштита. Владата ги одби барањата за слободна информација, така што можеби ќе треба да се почека до неизбежната јавна истрага за да се потврди тоа. Исто како и конечните детали за неуспехот да се тестираат, да се следат, изолираат и лекуваат случаите, за што Светската здравствена организација вели дека треба да биде предуслов пред земјите да ги олабават своите мерки. Ниту една од овие работи не се случува во Велика Британија.

Вчера во Конфедерацијата на Националниот здравствен систем конечно го загубија трпението околу нечесноста на владата во врска со посакуваните цели и планови: Само кажете ни ги фактите, побараа тие.

Факт е, ниту една влада не би можела да биде целосно подготвена за ова: идните лекции ќе се учат од Јужна Кореја и други земји. Но, ова со сигурност го знаеме: нашата влада е целосно несоодветна за задачата и несоодветна за целите. Во отсуство на премиерот, неговиот недостаток на сериозност се гледа преку неговиот лош избор на кабинетот, избран од сите погрешни причини. Доминик Раб, Прити Пател, Елизабет Трус и останатите беа избрани заради „Брегзит“ и заради омраза кон државата. Прочитајте ја Britannia Unchained, компилацијата на нивните размислување, за да ги видите во нивните души. Нема докази дека нивниот поглед на светот е променет.

Доминик Камингс беше донесен од Џонсон за да ги разниша Вајтхол, локалните совети, Би-би-си и сè што мирисаше на добра влада. Не е изненадување што оние кои не веруваат во државата цврсто решија да ја стават во криза. „Брегзит“ го отелотвори нивниот начин на размислување: раскинете ги врските, разбијте ги работите и нарушувајте. Кога премиерот ќе се врати, неговиот единствен најверојатен потег затоа ќе биде да го продолжи „Брегзит“. Тој веќе изјави дека ќе одбие продолжување на излегувањето од ЕУ дури и ако Брисел понуди такво нешто. Ако Џонсон прави грешки и додека економијата пропаѓа, тогаш навистина ќе знаеме дека сме во рацете на фанатици.

На крајот на краиштата, јавната истрага ќе ја покаже состојбата на земјата откако се појави вирусот. Ќе покаже како 10-те години штедење го осакатиле секој сектор наменет за заштита и одбрана. Како реформата на Ендру Лансли го разнесе Националниот здравствен систем во фрагменти; како социјалната заштита беше соголена, а локалната самоуправа, одговорна за јавното здравство, беше уништена. Дури и армијата се исмејуваше.

Премиерот може да се чувствува сентиментално во врска со Националниот здравствен систем, но тој е само една артерија од системот што е извор на добра власт. Со оглед на тоа дека се враќа парламентот, време е пратениците да ги оспорат неуспесите на овие предавници. (Гардијан)