Блинкен изрази сочувство до Македонија и Бугарија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство на граѓаните на Македонија и на Бугарија за двете големи несреќи што се случија во едно денонокие.
-Стејт Департментот во име на американскиот народ изразува длабоко сочувство до народите на Северна Македонија и на Бугарија за трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и во пожарот во домот за стари лица.
Нашите срца се со сите оние кои се во жалост, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Ентони Блинкен на Твитер.