Блинкен го облече синот како Зеленски за Ноќта на вештерките
Американскиот државен секретар Антони Блинкен заедно со своето семејство присуствуваше на забавата за Ноќта на вештерките во Белата куќа, каде неговиот син беше облечен како Зеленски, а неговата ќерка ги облече боите на Украина.
Синот на Блинкен можеше да се види во зелен дуксер со мала игла со американско-украинско знаме на градите, што наликува на облеката на Зеленски што често се гледа во медиумите. Во меѓувреме, ќерката на Блинкен беше облечена во син фустан со жолта наметка, што одговара на боите на националното знаме на Украина.

Според соопштението за печатот на Белата куќа, се очекуваше околу 8.000 гости да присуствуваат на настанот.

