Бездомник наследил 42.000 евра, па ги изгубил


Маж на возраст од 50 години, кој со години живеел како бездомник, добил наследство, па го изгубил, пишуваат германските медиуми.

Среќен што конечно добил пари, решил да се почести, купил нов електричен велосипед и отишол во бистрото на железничката станица во место во Баварија да прослави.

По којзнае колку пијалоци и потрошени десетици илјади евра, како што пренесува Билд,  тој бил толку пијан што вработените морале да го сместат во блискиот прифатен центар.

Следното утро, вработените во „Дојче Бан“ пронашле сосема нов електричен велосипед, мобилен телефон, куфер и платнена торба на перонот на железничката станица во Швандорф, соопшти федералната полиција.

Полицијата превентивно го затворила просторот и го прегледала куферот и чантата во кои пронашле околу 42.000 евра.

Полицајците во Швандорф се сетиле на пијаниот маж кој претходната вечер бил одведен во прифатилиште за бездомници поради неговата алкохолизирана состојба. Бидејќи се сметало дека тој е сопственик, педесет годишниот маж бил донесен со  полициска патролата. Излегло дека тој е вистинскиот сопственик.

„Ги добив парите од имотот“, со растреперен глас им се заблагодарил на полицајците.