Беше во Русија, па го снема: И кинескиот министер за одбрана исчезна од јавноста

Средбите на генералот Ли Шангфу се откажани. Се повторува истиот образец како со сменетиот министер за надворешни работи


 

Кинескиот министер за одбрана не е виден речиси три недели со шпекулации дека е под истрага, што е последниот случај на висок функционер на Комунистичката партија кој исчезна од очите на јавноста.

Генералот Ли Шангфу последен пат беше виден на 29 август кога одржа говор на кинеско-африканскиот форум за мир и безбедност. Неговото последно патување во странство беше во Москва и Минск во средината на август, каде што се сретна со руски претставници на маргините на безбедносната конференција и со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Американската влада верува дека Ли е ставен под истрага, објави во петокот „Фајненшел тајмс“, цитирајќи високи функционери. Ројтерс објави дека Ли го откажал состанокот со виетнамските претставници на одбраната во последен момент минатата недела. Двајца виетнамски официјални лица изјавија за новинската агенција дека Пекинг го одложил годишниот состанок.

Рам Емануел, американскиот амбасадор во Јапонија, беше особено гласен за мистеријата, споредувајќи го кабинетот на Кси Џинпинг со романот на Агата Кристи „И тогаш немаше никој“.

Во петокот, тој објави на X/Tвитер тврдење дека Ли не се појавил на закажаниот состанок со началникот на морнарицата на Сингапур бидејќи бил „ставен во домашен притвор“. Тој не наведе извор за тврдењата.

Исчезнувањето на Ли следи по изненадувачкото отстранување од неговата функција во јули на кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, исто така по повеќенеделно исчезнување. Оттогаш нема дополнителни информации или знаци за него.

Ши, исто така, смени двајца врвни генерали на ракетните сили на почетокот на август, во големото менување на раководството на военото крило. Поранешниот командант Ли Јучао не беше виден во јавноста со недели пред тоа, и немаше објаснување за неговото отстранување.

Откако дојде на власт во 2013 година, Ши води обемна антикорупциска акција за која аналитичарите велат дека е насочена и кон политичките противници.

Повеќе од една деценија од неговото владеење, и по најголемата консолидација на моќта околу кинескиот лидер од Мао Цетунг, високите рангови сега се главно сојузници на Ши.

„Би било чудно дека во 11-тата година откако Ши  на чело на армијата сè уште постои корупција на високо ниво, а за офицерите на ракетните сили и Ли Шангфу, Ши не може да ги обвини своите претходници“, напиша кинескиот аналитичарот за Кина Бил Бишоп.

Дру Томпсон, виш соработник на Школата за јавна политика Ли Куан Ју, рече дека Ли и Чин се „портата на меѓународната заедница кон непроѕирен систем“ и дека нивните исчезнувања се загрижувачки.

Во политичкиот систем на Кина министрите не се највисоко рангирани во одредено ресор. Како министер за одбрана, Ли одговара пред двајца потпретседатели во централната воена комисија, кои потоа му поднесуваат извештај на Шси. Сепак, тој е и еден од петте државни советници, кој е повисоко рангиран од редовен министер. (Гардијан)