Белград во колапс поради снегот, блокиран и аеродромот


Не е реткост кога ќе падне снег, главиот град на Србија, Белград, да доживее колапс, пишуваат тамошните медиуми, а тоа се случи денеска, кога во пониските делови од градот паднаа 15, а во повисоките и 30 см снег.

Најмалку едно лице е заглавено во возило кога врз него паднало дрво на Нов Белград. Противпожарните екипи заминале да го извлечат заробениот од возилото.

Снегот не престанува да паѓа од синоќа, а во меѓувреме паднати се повеќе стебла, но и бандери, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

Поради невремето, проследено со снежни врнежи и силни ветрови, на територијата на цела Србија регистрирани се бројни дефекти на електродистрибутивната мрежа. посебно во планинските делови на западна и централна Србија.

„Екипи на Електродистрибуција Србија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектите. Работата тешко оди поради високиот снег и непроодните патишта, особено во планинските предели“, стои во соопштението.

Блокиран е и аеродрмот „Никола Тесла“, односно до него не може да се стигне со автомобил. Формирана е колона.

Од автомото сојузот ги предупредуваат возачите поради лизгање на коловозите.

На терен има 1.800 работници на патиштата и 800 камиони и машини за чистење.