Белата куќа САД потврди дека и обезбедиле информации на Австрија за заговорот за концертот на Свифт


САД им обезбедија разузнавачки информации на Австрија што помогнаа да се прекине наводниот заговор на ИД за напад на концерт на Тејлор Свифт, потврди денеска Белата куќа.

-САД споделија информации со австриските партнери за да овозможат спречување на заканата на концертот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.