Бел чад на Сикстинската капела – избран е новиот папа (во живо)

Папата наскоро треба да оди во Собата на солзите, а кој е избраниот папа, ќе се знае за помалку од еден час


Во Ватикан, попладнево, беше пуштен бел чад. Папата е избран.

Вечерва ќе знаеме кој е новиот папа. Новиот папа е избран по четири круга од гласањето на кардиналите.

Откако беше пуштен белиот чад, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, сите кои се најдоа на плоштадот ги обзеде голема возбуда. Се слушаа и ѕвона, а луѓето аплаудираа. Според полицијата, на плоштадот има околу 50.000 луѓе, кои очекуваат да го видат папата, штом излезе на балконот.

Оди во собата на солзите

Папата наскоро треба да оди во Собата на солзите. Ова е соба веднаш до Систинската капела, каде што тој ќе ја облече папската одежда и ќе го стави церемонијалниот рибарски прстен, пред да биде спроведен низ Салата на благословите до балконот познат како Лоџа на благословите.

Новиот папа ќе биде претставен за помалку од еден час.

Најмоќниот кардинал на конклавата: Овој човек ќе му објави на светот кој е новиот папа

Првата личност што ќе стапн на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и ќе ги изговори можеби најочекуваните зборови од овој момент: „Annuntio vobis gaudium magnum: habemus papam!“ Водечкиот ватикански дипломат е кардиналот протоѓакон Доминик Мамберти.

Секако, како еден од кардиналите што учествуваат во изборот, не е исклучена можноста самиот да биде избран, но неговото име не беше споменато како кандидат пред конклавата што ќе го избере наследникот на папата Франциск, објави Еuronews.

Кој е Доминик Мамберти?
Мамберти беше назначен за кардинал протоѓакон во октомври 2024 година, што го прави најстариот кардинал кој припаѓа на редот на ѓакони, еден од трите реда што го сочинуваат Колеџот на кардинали, заедно со редот на свештеници и редот на епископи.

Мамберти е роден на 7 март 1952 година, во надбискупијата Рабат, Мароко, но пораснал на францускиот остров Корзика, каде што се преселил со своите родители уште на многу рана возраст. Откако студирал право во Стразбур и Париз, дипломирал канонско право во Рим. Тој беше назначен за надбискуп на Сагон на Корзика во 2002 година, потоа за апостолски делегат во Сомалија и апостолски нунциј во Судан и Еритреја.

Папата Бенедикт XVI го повика во 2004 година за секретар за односи со државите што ја претставуваат Светата столица во меѓународните работи, функција што ја држеше осум години пред папата Франциск да го премести во ватиканското судство во 2014 година. Следната година беше назначен за кардинал.

Папата Франциск го назначи и за префект на Врховниот трибунал на Апостолската сигнатура, едно од трите главни судски тела на Светата столица.
Тој се смета за еден од експертите на Ватикан за меѓународна политика. Во име на Светата Столица, тој патувал многу и потпишал неколку билатерални договори, вклучувајќи еден со Србија за соработка во високото образование во 2014 година. Исто така, се занимавал со земјите од Блискиот Исток.

Мамберти јавно се залагаше за заштита на верските слободи, човековите права и основните слободи. Тој, исто така, често го осудува растечкиот секуларизам на црквата и беше критикуван од ЛГБТ+ групите откако во 2013 година изјави дека ја поддржува легитимноста на „клаузулата за совеста“ за христијанските работодавци кои одбиваат услуги на хомосексуалци.