Бајден нареди: Америка ја нападна Сирија од воздух, Русија реагираше


Американската војска, по налог на претседателот Џо Бајден, изведе воздушен напад во источна Сирија на објекти кои Пентагон смета дека припаѓаат на проиранската милиција.

Воздушниот напад е одговор на ракетниот напад на американски мети во Ирак и беше со ограничени размери, за да не дојде до ескалација, јавува Ројтерс. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во нападите загинале 17 проирански борци.

„Во нападите се уништени три камиони со муниција… Има многу загинати“, вели директорот на Опсерваторијата Рами Абдел Рахман.

„По налог на претседателот Бајден, американската војска порано вечерва изведе воздушни напади на инфраструктура која ја користат милитантните групи со поддршка на Иран во источна Сирија“, рече портпаролот на Пентагон Џо Кирби.

Наведе дека Бајден ќе делува со цел заштита на американските и коалициските војници.

„Во исто време делувавме на одреден начин со цел да дојде до деескалација на целокупната ситуација на истокот на Сирија и во Ирак“, додаде Кирби.

Тој рече дека во нападите се уништени многу објекти на граничниот контролен пункт кои ги користат проиранските групи како што се Катаиб Хезболах и Катаиб Саин ел Шухада.

Инаку, ове е прва американска воена акција откако Бајден стана претседател.

Русија веднаш реагираше

Русија веднаш редагираше по нападот што САД го извршија во Сирија.

Рускиот сенатор и претставник на Советот на федерацијата Русија, Владимир Џабаров изјави дека во прашање е бомбардирање на суверена држава.

„Овој напад е против сите закони. Сирија е суверена држава. Не ја исклучувам можноста официјален Дамаск да се обрати до Советот за безбедност со барање за овоја напад да се разговара на итна седница“, рече тој.

Џабаров смета дека ова е многу опасна работа и дека може да доведе до ескалација на ситуацијата во целиот регион.

„Ова може да нè доведе до конфликт од големи размери“, предупреди Џабаров.