Автопат Загреб – Сисак: Го градеа 18 години, има 47 километри и чини 440 милиони евра


 

По 18 години и три месеци заврши изградбата на 47 километри автопатот од Загреб до Сисак во Хрватска. „Хрватски аутоцесте“ поднесоа барање за технички преглед на последната делница од Лекеник до Сисак, со што и формално заврши работата. Се очекува прегледот да се реализира во текот на следните месец-два.

Изградбата чинеше дури 440 милиони евра, иако автопатот е во рамница. Но имаше бројни проблеми што се јавија за време на изградбата.