Автобусот бил нов, причините за експлозијата се уште нејасни


Заменик главниот обвинител Борислав Сарафов, главниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и претставници на обвинителствата во Бугарија и РСМ пред медиумите го коментираа трагичниот инцидент на автопатот Струма. Утврдено е дека имало експлозија во автобусот, но засега не се јасни причините за истата.

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите“, рече заменик-главниот обвинител.

„Списокот на патници од автобусот е испратен до Македонија и е започнат процесот на идентификација. Уверени сме дека се прават максимални напори“, рече Сарафов. Според него, сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до РСМ.

„Сакам да изразам сочувство до роднините на жртвите и да им се заблагодарам на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа“, рече главниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески.

„Повредените што се  однесени воболницата  „Пирогов“ се на распит, само двајца од нив се во соодветна состојба и можат да дадат исказ. Овде на местото на инцидентот се сослушуваат и сведоци„, рече Борислав Сарафов.

Имало и втор возач, се претпоставува дека двајцата возачи загинале, но информацијата не е конечна. Во Македонија нема да се води дополнителна предистражна постапка, засега таа ќе биде само на територијата на Бугарија, соопштија обвинителите.

Вилма Русковска од специјалното обвинителство во РСМ објасни дека компанијата превозник е стара 20 години, досега немало сообраќајни незгоди, но мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, излетаниот автобус е нов, во функција е само три години.