Австриските лекари предупредуваат дека трет бран не би можел да се совлада


Австриските лекари предупредуваат дека трет бран на зараза со коронавирусот за болниците би можел да се совлада само условно.

Нивото на дневни зарази сè уште е високо, истакнаа тие, додавајќи дека состојбата на одделите за интензивна нега сè уште е тешка.

Специјалистот за интензивна нега Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена има тешки случаи меѓу пациенти на 20 и 30-годишна возраст.

Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочи дека болничкиот персонал со недели е изложен на екстремни напори, поради големиот број на пациенти со Ковид-19.

– Тој напор не може да се издржи на долг рок, истакна тој.