Авганистанка се породи во авион за евакуација
Американската војска објави на Твитер дека бремена жена од Авганистан, која била во транспортен авион, се породила веднаш по слетувањето во базата Рамштајн.
Објавени беа и фотографии од излегување од авионот.
Тие велат дека таа добила породилни болки за време на вториот дел од летот од Кабул, од базата на Блискиот Исток, без да се наведе која, до Германија.
Американските воздухопловни сили соопштија дека дошло до компликации додека авионот летал на височина од 8.534 метри поради помалиот воздушен притисок во авионот. Но, бидејќи на бремената жена ѝ се слошило, пилотот отишол пониско за да го зголеми воздушниот притисокот и со тоа да ѝ го спаси животот, пренесува Си -Ен -Ен.
По слетувањето, медицинскиот персонал од воздухопловната база помогнало при породувањето во товарниот простор на авионот.
Medical support personnel from the 86th Medical Group help an Afghan mother and her family off a @usairforce C-17 Globemaster III moments after she delivered a baby aboard the aircraft at @RamsteinAirBase in Germany. pic.twitter.com/339bMiVDVO
— Department of Defense ?? (@DeptofDefense) August 22, 2021