Наставнички пленум бара покачување на платите во образованието од 1 март


Наставничкиот пленум бара зголемувањето на платите за вработените во образованието од 7 отсто, кое е предвидено со годинашниот Буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира од 1 март 2022. Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се …

Наставнички пленум бара покачување на платите во образованието од 1 март Read More »

Милевски го нарече „штетник и срам за Црквата“ владиката Агатангел


Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска, на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун,  го нарече вулгарен настапот на владиката Агатангел. -Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население …

Милевски го нарече „штетник и срам за Црквата“ владиката Агатангел Read More »

Комисии во Собранието не работат со месеци, ВМРО-ДПМНЕ не гледа кај себе вина


  Седум комисии во Собранието на Македонија со месеци не одржуваат седници и практично се нефункционални бидејќи има недоразбирање помеѓу СДСМ и коалициските партнери и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денес негираше дека опозицијата сноси одговорност за тоа. „ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден случај не ја блокира работата на Собранието. …

Комисии во Собранието не работат со месеци, ВМРО-ДПМНЕ не гледа кај себе вина Read More »

Германија целосно ќе ги укине епидемиолошките мерки на 20 март


Германија планира да го прослави „Денот на слободата“ на 20 март, кога треба да „паднат“ сите епидемиолошки мерки, тврди весникот „Билд“. Весникот наведува дека премиерите на покраините веќе подготвиле одлука со која се предвидува план за олеснување на мерките во три чекори. Најпрво ќе се ублажат мерките кои се однесуваат на прославата во приватна средина. Во …

Германија целосно ќе ги укине епидемиолошките мерки на 20 март Read More »

СДСМ прашува: Колку чинеше забавата на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонија?


СДСМ им се закани на општините раководебни од ВМРО-ДПМНЕ дека ако продолжат да трошат пари на политички настани како вчерашниот отчет за сто дека, место да ги трошат на реалните потреби на граѓаните, ќе останат глуви на нивните барања за помош околу енергетската криза.  -ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се …

СДСМ прашува: Колку чинеше забавата на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонија? Read More »

Ковачевски: Работиме на долгорочно и одржливо зголемување на пензиите


Се работи на методологија која ќе овозможи долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. „Пензионерите се оние кои заслужуваат, по толку години изминат труд и даден огромен придонес за нашата држава, да имаат достоинствени пензионерски денови. Веќе работиме на анализи кои ќе бидат презентирани низ отворениот дијалог во кој ќе …

Ковачевски: Работиме на долгорочно и одржливо зголемување на пензиите Read More »

Димитриевски: Куманово има пари за струја само за три месеци


Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 информираше дека сериозен е проблемот со енергетската криза и со него ќе се соочат сите општини, така што државата треба да изнајде начин за субвенционирање на сметките на општините по примерот со субвенционирање на сметките за секое домаќинство. „Ако …

Димитриевски: Куманово има пари за струја само за три месеци Read More »

ОБСЕ: Консултациите што ги побара Киев ќе се одржат на 15 февруари


  Средбата на земјите-членки на ОБСЕ што ја побара Украина за усогласување со Виенскиот документ за мерки за градење доверба и безбедност заради разјаснување на ситуацијата на руско-украинската граница е закажан за вторник. Ова денеска го соопшти извор од ОБСЕ. .-Консултациите ќе се одржат зад затворени врати утре попладне, рече изворот како одговор на прашањето …

ОБСЕ: Консултациите што ги побара Киев ќе се одржат на 15 февруари Read More »

Албанскиот премиер Рама во четирдневна посета на САД


 Албанскиот премиер Еди Рама ја почна официјалната посета на Соединетите Американски Држави, при што денеска ќе учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН, каде неговата земја е привремена членка. -За време на четиридневната посета, на 15 февруари во Вашингтон, Рама ќе има средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Состанокот на Рама доаѓа …

Албанскиот премиер Рама во четирдневна посета на САД Read More »

Украина останува посветена на приклучувањето кон НАТО


Амбасадорот на Украина во Велика Британија се повлече од очигледната сугестија дека земјата би можела да размисли да се откаже од амбициите да се приклучи кон НАТО за да избегне војна со Русија, јави ДПА. Вадим Пристаико рече дека уставната определба за пристапување во НАТО останува, откако претходно посочи дека земјата ќе размисли за „сериозни отстапки“ за да се избегне ризикот од инвазија …

Украина останува посветена на приклучувањето кон НАТО Read More »

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна


  (Од нашиот известувач)  КИЕВ – Состојбата околу Украина од вчера почнува драматично да ескалира, со најава утрово дека е прашање на часови кога САД ќе го повикаат својот дипломатски персонал во амбасадата да ја напушти земјата. Најавите за можна руска инвазија „во кој било ден“ сега стигнаа до „кое било време“. Неколку земји, меѓу …

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна Read More »

„Независен“ на борбената линија: Само седумсто метри ги делат Украина и Русија од војна  


   ЗОЛОТЕ, Источна Украина – Колку сме поблиску до линијата на фронтот, толку е појасна цената на руската воена агресија што ја плаќа Украина, со најавата дека може да биде уште повисока и уште пострашна. Таа е економска, а пред сѐ човечка и еден само поглед на територијата што се граничи со окупираната територија ја …

„Независен“ на борбената линија: Само седумсто метри ги делат Украина и Русија од војна   Read More »

„Независен“ во Источна Украина: Напрегнат мир и живот во страв


  КРАМАТОРСК, Источна Украина – Павло Кириленко има 35 години, а одговорен е за двете најтешки функции, гувернер на цивилната и воената регионална администрација на Донецк. Негова задача е да ги задржи луѓето и да го врати моралот во безбедносно најзагрозената област во Украина. Буквално живее и работи на првата линија на фронтот и на …

„Независен“ во Источна Украина: Напрегнат мир и живот во страв Read More »

„Независен“ во Украина: Во Киев нема паника, ни воена психоза, но луѓето се загрижени


  (Од нашиот известувач)   КИЕВ – Ако ставите полн пиштол на маса, тој најверојатно ќе пукне. Вака Володимир Ариев, пратеник на главната опозициска Партија за европска солидарност, ја оцени ситуацијата во Украина, околу која се трупаат сѐ повеќе воени сили и оружје. „Ова што се случува не е конфликт на националности, туку на вредности. …

„Независен“ во Украина: Во Киев нема паника, ни воена психоза, но луѓето се загрижени Read More »

Нов мобилен мамограф за Здравствениот дом Неготино, донација од Бугарија


Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска донираше мобилен мамограф на одделот за онкологија на Здравствениот дом во Неготино. Донацијата е во рамки на проектот „Јакнење на капацитетот за мамографски скрининг“, чија цел е намалување на смртноста од рак на дојка кај жените во Македонија преку зголемување на стапката на рано откривање. Средствата за …

Нов мобилен мамограф за Здравствениот дом Неготино, донација од Бугарија Read More »

Инспектор од Берово игра околу живо јагне врзано на маса


Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на Фејсбук објави снимка на која се гледа како неколкумина мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе. Според организацијата, меѓу мажите на видеото е и инспектор за заштита на благосостојбата на животните, кој го прави спротивното од она што му е работа. -Со заврзани нозе, …

Инспектор од Берово игра околу живо јагне врзано на маса Read More »

Ковачевски: Дебатите на релација Скопје – Софија досега ги водеа пропагандисти


Ни треба решение, засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности. Ова решение треба да резултира со укинувањето на ветото на Бугарија и да послужи како основа за добра соработка меѓу нашите две земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за белгискиот најтиражен дневен весник „Ла Либре“. Тој додаде дека процесот за започнување на преговорите …

Ковачевски: Дебатите на релација Скопје – Софија досега ги водеа пропагандисти Read More »

И во Бугарија отсега без негативен ПЦР тест


Освен за Косово и Грција, мерките за патување на граѓаните на Македонија ги олесни и Бугарија. Не ви треба негативен ПЦР тест за да патувате во Бугарија, како што беше досега. Вакцината или потврдата за прележан од Ковид, остануваат во сила. Во однос на Србија, МНР соопштува дека нема ограничувања за влез на македонски државјани. …

И во Бугарија отсега без негативен ПЦР тест Read More »

Нови 1.500 заразени со Ковид-19 и 16 починати


– Во последните 24 часа регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: …

Нови 1.500 заразени со Ковид-19 и 16 починати Read More »

Спасувачите стигнаа до детето што падна во бунар


Спасувачките екипи попладнево стигнаа до петгодишниот Рајан од Мароко, кој во вторникот паднал во бунар длабок 32 метри. Спасувачите со денови копале дупка паралелна со бунарот за да го спасат, а со раце ги копале последните три метри за да не направат одрон кој би ги затрупал сите. Конечно стигнале до момчето кое e, како …

Спасувачите стигнаа до детето што падна во бунар Read More »