Баришников: Не е правилно за гревовите на Путин да плаќаат уметниците


Познатиот танчер Михаил Баришников (74) бара луѓето да не ги обвинуваат руските изведувачи за ужасите на војната во Украина. Михаил Баришников се залага за руските уметници и спортисти кои трпат притисоци по разорните напади на претседателот Владимир Путин врз Украина. Познатиот танчер, кој е роден во Советскиот Сојуз а пребегна во Канада во 1974 година, …

Баришников: Не е правилно за гревовите на Путин да плаќаат уметниците Read More »

Украинските војници ја одбија руската понуда да се повлечат од Мариупол


ЛВИВ, Украина – Украинските власти пркосно го отфрлија руското барање нивните сили во Мариупол да го положат оружјето и да кренат бели знамиња во понеделник во замена за безбедно поминување од опколеното стратешко пристаниште. Според украинските официјални лица, Русија го опколила јужниот град на Азовското Море, напаѓајќи притоа уметничко училиште во кое се засолниле околу …

Украинските војници ја одбија руската понуда да се повлечат од Мариупол Read More »

Зеленски со ново видео: Ќе победиме и ќе бидеме „големи“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека ако неговата земја бeше примена во НАТО, тогаш Русија немаше да ја нападне земјата. „Да бевме членка на НАТО, војната немаше да започне. Би сакал да добијам безбедносни гаранции за мојата земја, за мојот народ“, изјави Зеленски за Фарид Закарија на Си-Ен-Ен, додавајќи дека е благодарен за …

Зеленски со ново видео: Ќе победиме и ќе бидеме „големи“ Read More »

Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица


Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во градот Кремина во источниот дел на Украина, истакна шефот на воената цивилна управа во Луганск, Сергеј Хаидаи, јави Би Би Си. Тој на платформата Телеграм напиша дека руските сили „цинично и намерно“ отвориле оган, при што загинале 56 луѓе. Хаидаи тврди дека 15-те преживеани биле …

Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица Read More »

Непроменети правилата за патување во Грција


Актуелните правила за патување во Грција, односно задолжителниот документ за Ковид-19, но без ПЛФ- формуларот што е укинат од 15 март, мерки кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште две седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за …

Непроменети правилата за патување во Грција Read More »

Гаф на Џонсон, ги спореди Украинците со поддржувачите на Брегзит


   Британскиот премиер Борис Џонсон беше жестоко критикуван, вклучително и во неговите конзервативни кругови, за споредување на борбата на Украинците против руската инвазија со Британците кои гласаа за Брегзит затоа што „ја избраа слободата“. Во говорот вчера на конгресот на Конзервативната партија во Блекпул, на северот на Англија, Џонсон рече: „Инстинктот на луѓето во оваа …

Гаф на Џонсон, ги спореди Украинците со поддржувачите на Брегзит Read More »

Папата ја нарече војната во Украина „масакр“


   Папата Франциско денеска ја нарече војната во Украина неоправдан, бесмислен масакр и побара од лидерите да биде прекинататаа неприфатлива војна. „За жал, насилната агресија против Украина не стивнува“, нагласи папата на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар за време на неделната молитва. Тој потенцира дека тоа е бесмислен масакр во кој секојдневно …

Папата ја нарече војната во Украина „масакр“ Read More »

Мицкоски открил олигарси во општините


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, извести дека партијата заедно со шведската фондација Јарл  Хјалмарсон работи на подобрување на капацитетите на локалната администрација. -Разговараме за  подобрување на локалните политики и подобрување на капацитетите на администрацијата, проектниот менаџмент, реализирањето на проектите коишто беа дел од изборната кампања на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Една група се сега, во следните …

Мицкоски открил олигарси во општините Read More »

Анкара тврди: Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања


Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, нагласи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок. Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со …

Анкара тврди: Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања Read More »

УЈП направија 611 контроли за неспроведување на одлуката за ДДВ за храната


 Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на изминатите два дена извршила 611 контроли на територијата на цела држава при што кај 114 даночни обврзници биле констатирани неправилности во однос на спроведување на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Во контролите биле опфатени даночни обврзници …

УЈП направија 611 контроли за неспроведување на одлуката за ДДВ за храната Read More »

Германија вети 2.700 противвоздушни ракети за Украина, испорачала само 500


На почетокот на март, федералната влада на Германија вети дека ќе испрати 2.700 противвоздушни ракети „Стрела“ во Украина. Истражувањето на WELT AM SONNTAG покажува дека досега, три недели оттогаш , биле испорачани само  500 од нив. Примопредавањето се случило  дури во четвртокот навечер. Очигледно, Украина добила само дел од ветените противвоздушни ракети „Стрела“. Според кругови на …

Германија вети 2.700 противвоздушни ракети за Украина, испорачала само 500 Read More »

Русите и војната во Украина преку видеа


Студентите на еден од водечките руски универзитети МГИМО ја поддржуваат војната во Украина. Оригиналното видео е преведено и е спротивно на реалноста на она што се случува во Украина. -Ако имавте надеж за „образована“ елита, заборавете на тоа, пишува известувалот на „Билт“ од Украина нарекувајќи ги поддржувачите на инвазијата на Украина „зомби“. „Die jungen, gebildeten …

Русите и војната во Украина преку видеа Read More »

Нови 1.000 граѓани се издржуваат со помош на државата


„Системот на социјална заштита со реформите од 2019 година е така направен да може да ги апсорбира сите граѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик,“ рече министерката за труд и социјална политика , Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа. Таа информираше дека бројот на приматели на гарантирана минимална помош во период од почетокот …

Нови 1.000 граѓани се издржуваат со помош на државата Read More »

Приведени осум лица во Тетово заради најдена дрога


 Во Тетово осум лица се приведени за неколку часа во два одвоени случаи на откриена дрога. Прво при претрес кои го направиле полицајци во угостителски објект и плац за стари возила, во рамки на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” од 19 часот и 30 минути до 22 часот приведени се шест …

Приведени осум лица во Тетово заради најдена дрога Read More »

Во Англија од утре четврта доза вакцина против Ковид-19


 На милиони луѓе во Англија ќе им биде понудена четврта доза од вакцината против коронавирус од утре, соопшти денеска службата за јавно здравје НХС. Таа доза ќе се препорачува за лица над 75 години и за лица со слаба имунолошка заштита над 12 години. Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за …

Во Англија од утре четврта доза вакцина против Ковид-19 Read More »

Османи од утре во работна посета на Брисел


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе биде во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, ќе учествува на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија. Министерството за надворешни работи информира дека работниот појадок ќе биде …

Османи од утре во работна посета на Брисел Read More »

Во бомбардирање во Мариупол оштетена е една од најголемите челичарници во Европа


 Фабриката за челик Азовстал во Мариупол, една од најголемите во Европа, е тешко оштетена во бомбардирање, соопштија денеска украинските власти. „Уништена е една од најголемите челичарници во Европа. Економските загуби за Украина се огромни“, изјави пратеничката Лесија Василенко, која на својот Твитер профил објави видео на кое се гледаат густи столбови чад како излегуваат од …

Во бомбардирање во Мариупол оштетена е една од најголемите челичарници во Европа Read More »

Русија повторно истрелала хиперсонични проектили во Украина


 Русија соопшти денеска дека повторно ги истрелала своите најнови хиперсонични ракети во Украина, уништувајќи складиште за гориво на југот на земјата. „Авијациските ракетни системи Кинжал со хиперсонични балистички ракети уништија големо складиште за горива и мазива на украинските вооружени сили во близина на населбата Костјантинивка во регионот на Николаев“, соопшти руското Министерство за одбрана.  Портпаролот …

Русија повторно истрелала хиперсонични проектили во Украина Read More »

Мариупол под постојанo дивјачко бомбардирање, утрово нападнато засолниште за цивилите


Југоисточниот град Мариупол е под постојана дивјачка опсада веќе неколку недели, а жителите се соочуваат со серијал од од смртоносни неиспровоцирани руски напади.  Утрово на мета на руските бомби беше уметничко училиште кое се користи како засолниште од граѓаните на Мариупол. Околу 400 луѓе биле засолнети во зградата, која била уништена во нападот. Информациите за …

Мариупол под постојанo дивјачко бомбардирање, утрово нападнато засолниште за цивилите Read More »

Избори за време на војна: Путин му ги замрси сметките на Орбан


„Борба против ЛГБТ идеологијата“. „Да се ​​спротивставиме на џихадот со владеењето на правото“. Овие слогани, типични за унгарскиот јавен простор, одеднаш станаа минато. Тоа се случи преку ноќ – кога Русија ја нападна Украина. Во пресрет на  најважните избори во Унгарија во повеќе од една деценија, острите пораки на културната војна можеа да се вратат. …

Избори за време на војна: Путин му ги замрси сметките на Орбан Read More »