Германија го проучува декретот на Кремљ за плаќања  во рубли


Германската влада соопшти денеска дека го „испитува“ декретот на Кремљ дека плаќањата за рускиот гас сега мора да се вршат во рубљи, што ги зголеми стравувањата дека испораките ќе бидат прекинати. Берлин и западните партнери инсистираат на тоа дека нивните договори со руски компании јасно наведуваат дека нивните плаќања може да се вршат исклучиво во …

Германија го проучува декретот на Кремљ за плаќања  во рубли Read More »

УНЕСКО: Поради војната во Украина, загрозено светското наследство


Десетици вредни цркви, историски локалитети и музеи се оштетени во војната во Украина, а особено загрижувачка е ситуацијата во северниот град Чернихив, соопшти УНЕСКО. Минатиот месец, УНЕСКО ги засили мерките за заштита на загрозените културни богатства на Украина со користење на знакот „Син штит“ за обележување на културните места и споменици. „Многу сме загрижени за …

УНЕСКО: Поради војната во Украина, загрозено светското наследство Read More »

Европол испрати тимови во земјите кои граничат со Украина


Европол денеска објави дека испратила тимови во земјите што граничат со Украина во обид да ги заштити бегалците и да спречи влез на криминалци и терористи во Унијата. Агенцијата со седиште во Хаг соопшти дека нејзините тимови ги поддржуваат локалните власти со спроведување секундарни безбедносни проверки и обиди да „идентификуваат криминалци и терористи кои се …

Европол испрати тимови во земјите кои граничат со Украина Read More »

Изненадени и навредени


И во вакви тешки времиња, кога сите во светот имаат попаметна работа,  Бугарија не труе со нејзините комплекси околу бројот на Бугарите во Македонија. Се заканува повторно со вето, пишува реакции и ни дава задачи како да ги преброиме тие што, според оценка на Софија, треба да ја оправдаат нејзината безидејна политика и нејзината фиксација …

Изненадени и навредени Read More »

Бугарско МНР: Изненадени сме од бројот на Бугари на пописот во Македонија


Со големо изненадување ги прифаќаме објавените податоци за бројот на граѓани во Република Северна Македонија, кои на пописот се самоидентификувале како Бугари, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи. – Ја забележуваме драстичната неусогласеност меѓу овие податоци и податоците за бројката од над 100.000 граѓани на Република Северна Македонија кои лично поднеле документи со кои се …

Бугарско МНР: Изненадени сме од бројот на Бугари на пописот во Македонија Read More »

Сојузничките земји ќе испратат повеќе оружје во Украина


 Велика Британија и нејзините сојузници се согласија да испратат повеќе смртоносно оружје во Украина за да и помогнат да се одбрани од рускиот напад, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас. – Ќе има повеќе помош што вклучува смртоносно оружје што ќе пристигне во Украина, бидејќи одредени земји одговорија или со нови идеи или ветија повеќе пари, изјави …

Сојузничките земји ќе испратат повеќе оружје во Украина Read More »

Според Петков руски агенти ги расипуваат добрите односи со Македонија


Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) на Бугарија истражува „многу сериозна руска шпионска дијаспора во Бугарија, која работи на многу различни интереси“, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков.  „Некои од работите што ми ги пријавија се дека има руски агенти кои работеле против нашите односи на разбирање со Северна Македонија и дека нема европска иднина за Западен …

Според Петков руски агенти ги расипуваат добрите односи со Македонија Read More »

Путин ќе регрутира нови 134.000 војници


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници. Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата. – Поголемиот …

Путин ќе регрутира нови 134.000 војници Read More »

Турција подготвува нова средба Украина – Русија


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина. – Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи, наведе Чавушоглу.Претходно, шефот на украинската  делегација …

Турција подготвува нова средба Украина – Русија Read More »

Градежните компании бараат мерки за поддршка од државата


Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора предлага итна и неодложна средба со владини претставници на највисоко ниво со цел да ги презентираат нивните последни предлози за надминување на проблеми во градежништвото за кои веруваат дека се соодветни во овој момент да помогнат за опстанок на голем број компании. Од …

Градежните компании бараат мерки за поддршка од државата Read More »

Во Софија средба Петков – Вархеи


Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска се  сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти владината прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата разговарале за ситуацијата околу војната во Украина и нејзините ефекти врз земјите од регионот. Петков го информираше еврокомесарот Вархеи и за резултатите од средбата на лидерите на …

Во Софија средба Петков – Вархеи Read More »

Избрани нови членови на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки,  Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки. За дописни членови на МАНУ се …

Избрани нови членови на МАНУ Read More »

Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид


Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прима втората бустер доза вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа. Бајден (79) ќе ја добие четвртата доза од вакцината откако ќе и се обрати на јавноста на новата владина веб-страница COVID.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација. – Дозата ќе му ја даде член …

Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид Read More »

Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра


Германската Влада денеска соопшти дека Русија гарантира дека Европа нема да мора да плаќа за испораките на руски гас во рубљи. Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц објави соопштение во кое се вели дека рускиот претседател Владимир Путин и му рекол на германскиот канцелар дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра. Во телефонскиот разговор …

Европа може да продолжи да плаќа за гас во евра Read More »

Слави Трифонов навреден од резултатите од пописот


Лидерот на парламентарната партија во Бугарија „Има таков народ“, Слави Трифонов реагираше на резултатите од пописот во Македонија што ги објави Државниот завод за статистика.  – При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека ги објавиле податоците само за етничките заедници кои се застапени во македонскиот Устав, реагира …

Слави Трифонов навреден од резултатите од пописот Read More »

Одбиена уште една тужба на Левица против медиум


Основниот граѓански суд Скопје како првостепен парничен суд донесе решение со кое тужбата на тужителот Политичката партија ,,ЛЕВИЦА”, против тужените Друштво за дигитални медиуми Онлајн Медија ДОО Скопје и Предраг Петровиќ, ја отфрли како ненавремена. -Ова решение следи по претходно доставената тужба до судот од страна на политичката партија „ЛЕВИЦА“ на 20.02.2021 година во која …

Одбиена уште една тужба на Левица против медиум Read More »

Мицкоски сфатил дека ни треба обединување, но само околу ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно„ која се емитува на Алфа телевизија истакна дека народот во Македонија страда од поделби. „Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро“, рече Мицкоски. Тој порача дека во …

Мицкоски сфатил дека ни треба обединување, но само околу ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Џонсон: Целта на Велика Британија не е смена на режимот на Путин


Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, прецизирајќи дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната. – Ја разбирам фрустрацијата на народот поради Путин и желбата да се смени владата. Тоа е целта на многу …

Џонсон: Целта на Велика Британија не е смена на режимот на Путин Read More »

Ромите не ги признаваат резултатите од пописот, им „фалат“ 50 отсто


Штотуку објавените резултати од пописот кажуваат дека од вкупниот број на попишани резидентни граѓани, Ромите се  1,3 отсто, а нерезидентно 1,02 отсто. На тоа реагираа од ромската организација „Ајава“ порачувајќи дека се избројани само половина и дека бројката не е реална.  „Според нашите проценки базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година …

Ромите не ги признаваат резултатите од пописот, им „фалат“ 50 отсто Read More »

Ахмети задоволен од пописот, додаде уште некој процент Албанци


Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети,  е задоволен од пописот, а особено што од 260.606 нерезидентни жители  дури 66,36 отсто се етнички Албанци. Во статус на Фејсбук, тој им честиташе на институциите за реализираната статистичка операција и посебно се задржа на застапеноста на албанската етничка заедница во неколку категории опфатени со пописот. „Денеска Северна Македонија, …

Ахмети задоволен од пописот, додаде уште некој процент Албанци Read More »