Груби до ВМРО-ДПМНЕ: Внимавајте што барате, може и да го добиете!


Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, на Преспа форумот во Струга повика на укинување на техничката влада, нарекувајќи ја „влада нонсенс“ која може само да креира пречки во иднина. Зборувајќи за условувањата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени тој ги повика да внимаваат што бараат зошто – може да им се исполни.  -Живеевме во страв  дека …

Груби до ВМРО-ДПМНЕ: Внимавајте што барате, може и да го добиете! Read More »

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела


  Политичката партија Левица поднесе Иницијатива за оценка на уставноста на новодонесените измени на Законот за работни односи, со којшто се воведува 72 часовно работно време, со цел спроведување на договорот на „Бехтел и Енка“. Донесените одредби се противуставни. Осум часовното работно време е меѓународен стандард, како и дневниот, неделен и годишен одмор загарантирани со …

Левица со иницијатива до Уставен суд за 72 часовната работна недела Read More »

ЕП усвои нови правила за батериите


  Европскиот парламент на пленарната седница усвои нови правила за дизајнот, производството и отпадот на сите видови батерии што се продаваат во Европска Унија – автомобилски, индустриски и преносни, како и нови категории на батерии за лесни возила. Со 587 гласови „за“, девет „против“ и 20 „воздржани“, европратениците го потврдија постигнатиот договор со Советот на …

ЕП усвои нови правила за батериите Read More »

Папата Франциск му нареди на поранешниот помошник на папата Бенедикт да го напушти Ватикан


   Папата Франциск му нареди на надбискупот Георг Гаенсвајн, приватен секретар и долгогодишен помошник на починатиот папа Бенедикт, да се врати во родната Германија до крајот на месецот без нова задача, соопшти денеска Ватикан. Ватикан со тоа стави крај на шпекулациите за тоа каква улога ќе има Гаенсвајн во црквата, кој беше моќна фигура во …

Папата Франциск му нареди на поранешниот помошник на папата Бенедикт да го напушти Ватикан Read More »

Ковачевски му нуди на Мицкоски премиерска функција во техничката влада


  Нова лидерска средба нема да има – порача денес премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите, тврдејќи дека позициите со кои тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  излегле од последната средба биле јасни и прашањето сега е дали Христијан Мицкоски сака или не да остане во процесот. Тој најави дека наредните денови иницијативата за уставни …

Ковачевски му нуди на Мицкоски премиерска функција во техничката влада Read More »

Две големи земји ќе ни го гарантираат идентитетот


  Покрај Германија уште една голема земја, која не е членка на Европската унија, наскоро на ниво на влада ќе излезе со декларација или сличен документ со која ќе ни го гарантира македонскиот идентитет, јазик и култура – како охрабрување за уставните измени кои се во тек, а за кои сѐ уште има колебања.  Ова …

Две големи земји ќе ни го гарантираат идентитетот Read More »

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени


  Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени. Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски  -ЦО му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски …

СДСМ формираше работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени Read More »

Русија во јули ќе почне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија


  Русија ќе почне со распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија откако постројките ќе бидат готови на 7 и 8 јули, соопшти рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба во Сочи со својот белоруски колега Александар Лукашенко. „Значи, се е според планот, се е стабилно“, навел Путин, според транскриптот од разговорот објавен од Кремљ. „За …

Русија во јули ќе почне да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија Read More »

Коалициските партнери на СДСМ даваaт зелено светло за ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата


  Предлогот на премиерот Димитар Ковачевски до Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени и веднаш потоа да влезе во владата е прифатливо за коалициските и владини партнери на СДСМ. Либерално-демократската партија (ЛДП) е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку опозицијата ги поддржи уставните измени. Според претседателката на ЛДП, …

Коалициските партнери на СДСМ даваaт зелено светло за ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата Read More »

Вработени во „Национални шуми“ сечеле и краделе дрва од приватни имоти


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.   Во периодот од јули 2021 година до …

Вработени во „Национални шуми“ сечеле и краделе дрва од приватни имоти Read More »

Одложена примена на уставните измени – реална можност или празно фантазирање?


  Еден од условите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кој сака да го оправда гласањето за уставните измени и за кој наводно има разидување со премиерот Димитар Ковачевски е – од кога да важат уставните измени и да се искористат дупките во  заклучоците за Македонија за да се смени временската рамка што веќе …

Одложена примена на уставните измени – реална можност или празно фантазирање? Read More »

Меџити се дообјаснува: Парите на македонските осигуреници нема да одат на лечење на странците


Министерството за здравство денеска појаснува дека изедначувањето на цените за лекување на странски државјани во земјава се однесува само на оние цени кои ги плаќаат здравствено неосигурените лица во земјава. -Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис …

Меџити се дообјаснува: Парите на македонските осигуреници нема да одат на лечење на странците Read More »

Стразбур најавува нов притисок да се применат пресудите за ОМО „Илинден“ во Бугарија


  Оделот за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги нарече „неоправдани одбивања од страна на судовите во Бугарија да регистрираат здруженија со цел да да се постигне признавање на ‘македонското малцинство во Бугарија’“, а врз основа на наводна национална безбедност, заштита на јавниот ред и правата на другите, поради …

Стразбур најавува нов притисок да се применат пресудите за ОМО „Илинден“ во Бугарија Read More »

Мицкоски и потврдува и условува околу поддршката за уставните измени


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Кочани повтори дека нивниот услов за да евентуално да гласаат за уставните амандмани би бил влада без ДУИ до избори и уставните амандмани да станат ефективни тогаш кога земјава ќе стане членка на ЕУ. -Од лидерската средба вчера важно е да констатираме дека во овој момент Владата …

Мицкоски и потврдува и условува околу поддршката за уставните измени Read More »

Рама им доставил на Макрон и Шолц нацрт за ЗСО


Убеден сум дека треба да се распишат нови избори без да се губи време и тоа веднаш. Да се покаже волја пред се и да се деескалира ситуацијата, полицијата мора веднаш да се повлече, зашто ако странските трупи го заземат северот на Косово, прашањето, којзнае по колку години ќе се врати на маса, изјави албанскиот …

Рама им доставил на Макрон и Шолц нацрт за ЗСО Read More »

Маричиќ предлага работни групи со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени


  Доколку опозицијата чувствува спремност, ние сме подготвени уште веднаш да се формираат некакви работни групи или тимови кои ќе разговараат како да се имплементира прашањето по однос на уставните измени, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по вчерашната лидерска средба помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  Вицепремиерот позитивно го оцени одржувањето на лидерската …

Маричиќ предлага работни групи со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени Read More »

Тие што имале интегритет во Судскиот совет – си дадоа оставки


Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски ги образложија причините за оставките што ги поднесоа како членови на Судскиот совет, откако работењето во ова тело повеќе се препознава по скандали, отколку по одлуки. Нивниот гест го пофали сменетата претседателка Весна Дамева нарекувајќи ги  судии со интегритет, што требаше да биде порака до останатите …

Тие што имале интегритет во Судскиот совет – си дадоа оставки Read More »

Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк


Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ ќе се одржи в сабота, 10 јуни, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка. Настанот ќе го отворат Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје и Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку …

Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк Read More »

Бугарија бара грчки авиони да и го штитат небото


Бугарија побарала грчки воени авиони да го чуваат нејзиниот воздушен простор, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Таа е четвртата балканска земја која сака грчката авијација да го штити нејзиното небо, по Македонија, Албанија и Црна Гора. Ваквото барање покажува дека од политички причини Бугарија притискаше да го чува небото на Македонија место Грција, иако сега испажа …

Бугарија бара грчки авиони да и го штитат небото Read More »

Милошоски кажа виц, ВМРО-ДПМНЕ не било инфицирано од корупција


Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во „Алфа“ рече дека власта на  ДУИ и СДСМ треба да испорача голема концесија. „Овој интерес за влада без ДУИ е добар, бидејќи по изборите ние ќе бараме начин и ќе направиме се да се направи влада без нив.Системот на ДУИ не е …

Милошоски кажа виц, ВМРО-ДПМНЕ не било инфицирано од корупција Read More »