Бугарија бара грчки авиони да и го штитат небото


Бугарија побарала грчки воени авиони да го чуваат нејзиниот воздушен простор, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Таа е четвртата балканска земја која сака грчката авијација да го штити нејзиното небо, по Македонија, Албанија и Црна Гора. Ваквото барање покажува дека од политички причини Бугарија притискаше да го чува небото на Македонија место Грција, иако сега испажа дека нема капацитет за тоа. 

 „Катимерини“ известува за преговорите во рамките на НАТО меѓу Софија и Атина за заштита на бугарскиот воздушен простор во период од три месеци. За барањето на Софија било разговарано на состанокот на Алијансата и на дипломатско ниво, пишува изданието, повикувајќи се на извор од седиштето на НАТО.

Бугарските воени авиони се ограничени по број и нивниот капацитет не може да ги покрие сите безбедносни барања, особено во период на војна во Украина. Се очекува Бугарија да го добие првиот од нарачаните нови авиони дури во 2025 година, забележува весникот.