Сега Муцунски оди во Будимпешта
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ќе се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема …