Трамп е „многу тажен“ што односите меѓу Велика Британија и САД „не се онакви какви што беа“


Американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека е „многу тажен“ што гледа дека односите меѓу Велика Британија и САД „не се онакви какви што беа“, откако го критикуваше Кир Стармер дека „премногу време“ му требало за да им дозволил на американските сили да ги користат нивните воздушни бази за да го нападнат Иран. Во телефонско интервју …

Трамп е „многу тажен“ што односите меѓу Велика Британија и САД „не се онакви какви што беа“ Read More »

Американската амбасада во Ријад погодена од ирански беспилотни летала


Иранските беспилотни летала ја погодија американската амбасада во Ријад додека Техеран продолжи да испраќа бранови одмазднички напади врз Заливот и Израел, a израелските војници почнаа да дејствуваат во јужен Либан на четвртиот ден од сè порегионалната војна на Блискиот Исток. Нападот со беспилотни летала врз американската амбасада во Ријад предизвика мал пожар, што ја натера …

Американската амбасада во Ријад погодена од ирански беспилотни летала Read More »

Вкупно 473 македонски државјани од загрозените подрачја ги контактирале ДКП-ата


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби. – Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до …

Вкупно 473 македонски државјани од загрозените подрачја ги контактирале ДКП-ата Read More »

Апасиев бара построги казни за семејно насилство


Димитар Апасиев реагираше по трагичниот настан во Скопје во кој мајка со своето бебе падна од зграда, случај што во јавноста се поврзува со семејно насилство. Во објава на Фејсбук, Апасиев порача дека семејното насилство треба да се казнува построго од обичното насилство, нагласувајќи дека основната функција на семејството е да обезбеди заштита и сигурност. …

Апасиев бара построги казни за семејно насилство Read More »

Стармер: Не се придружуваме на напади врз Иран


Британскиот премиер Кир Стармер се обрати пред пратениците во Долниот дом на Парламентот за ситуацијата на Блискиот Исток и одлуката да ѝ се дозволи на САД да користат британски воени бази за „одбранбени“ напади врз Иран. Стармер нагласи дека Обединетото Кралство не учествувало во почетните напади врз Иран и дека тоа било „намерна“ одлука. „Најдобриот …

Стармер: Не се придружуваме на напади врз Иран Read More »

Ирански генерал најавува засилени напади на Кипар поради американското присуство на островот


Висок командант на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда наводно се заканил со засилени ракетни напади врз Кипар, наведувајќи го како причина зголеменото американско воено присуство на островот. „Американците ги преместија повеќето од своите авиони на Кипар. Ќе лансираме ракети кон Кипар со таков интензитет што Американците ќе бидат принудени да го напуштат островот“, изјави …

Ирански генерал најавува засилени напади на Кипар поради американското присуство на островот Read More »

Трамп за нападите врз Иран: „Големиот бран допрва ќе се случи“


Во интервју за CNN, Доналд Трамп рече дека „големиот бран“ напади врз Иран допрва треба да дојде. „Дури и не сме почнале силно да ги удираме“, рече американскиот претседател.„Ги уништуваме“, му рече Трамп на Џејк Тапер од CNN за време на деветминутно телефонско интервју. „Мислам дека оди многу добро. Многу е моќно. Имаме најголема војска …

Трамп за нападите врз Иран: „Големиот бран допрва ќе се случи“ Read More »

Почина и сопругата на ајатолахот Хамнеи


Сопругата на ајатолахот Хамнеи почина денес од последиците на израелскиот напад. Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон повеќе локации во и околу Техеран. Иранските државни медиуми објавија дека Хоџасатех е повредена во истиот бран напади и им подлегнала на повредите денес. Хамнеи, заедно со неколку членови на неговото семејство, вклучувајќи ја неговата ќерка, зет и внука, …

Почина и сопругата на ајатолахот Хамнеи Read More »

34-годишна родилка почина на ГАК по извршен царски рез


Родилка родена во 1991 година во саботата починала на Клиниката за гинекологија и акушерство неколку часа по извршен царски рез, дознава „Слободен печат“ од свои извори. Од Министерството за здравство ја потврдуваат информацијата и велат дека од ГАК добиле информација дека случајот денеска го разгледувала комисијата за квалитет во болницата.

Војната низ очите на иранските медиуми: Мобилизација, хероизација и порака за решителност


Иранските медиуми го претставуваат сегашниот воен конфликт како надворешно наметната агресија, против која земјата одговара со организирана и легитимна одбрана. Прегледот на публикациите на агенцијата Тасним прикажува конзистентна линија на комуникација – нагласувајќи ја националната отпорност, легитимирајќи ги воените дејствија и делегитимирајќи го непријателот преку многу емотивен јазик. Во статијата насловена како „Иран ќе одлучи …

Војната низ очите на иранските медиуми: Мобилизација, хероизација и порака за решителност Read More »

Каде води војната на Трамп во Иран?


Доналд Трамп е под притисок да ја изнесе својата визија за Иран, во услови на тековни напади врз земјата и извештаи за првите американски жртви од почетокот на неиспровоцираните воени напади на САД и Израел. Критичарите на Трамп бараат Белата куќа да даде поголема јасност за тоа што следи. Противниците и аналитичарите велат дека недостатокот …

Каде води војната на Трамп во Иран? Read More »

Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Иран, ОАЕ и Катар


Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Според најновите информации, се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. Министерството за …

Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Иран, ОАЕ и Катар Read More »

Мицкоски разговарал со претседателот на ОАЕ околу евакуацијата на наши граѓани


Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, во кој разговарале за актуелната безбедносна состојба и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Во разговорот, Мицкоски изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и упатил најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешните напади. Тој нагласил …

Мицкоски разговарал со претседателот на ОАЕ околу евакуацијата на наши граѓани Read More »

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска


Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот казниво по член 359-а од Кривичниот законик. „Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен …

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска Read More »

Грција ја засилува безбедноста на американските и израелски цели во земјата


Грчките власти ја зголемија безбедноста околу потенцијалните американски и израелски цели во Грција, како и околу деловни објекти и аеродроми, по нападите врз Иран предводени од САД, објави „Катимерини“. Портпаролката на полицијата, Константија Димоглиду, изјави дека мерките не се однесуваат само на дипломатските претставништва, туку опфаќаат и комерцијални и деловни објекти кои би можеле да бидат …

Грција ја засилува безбедноста на американските и израелски цели во земјата Read More »

Руте утре во Македонија, ќе има тет-а-тет средба со Сиљановска


 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, со највисоки државни и воени почести, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. По пречекот, како што информираат од Кабинетот на претседателката, ќе следува тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Руте, …

Руте утре во Македонија, ќе има тет-а-тет средба со Сиљановска Read More »

Ирански ракети ја погодиле базата „Инџирлик“ во Турција


Турските медиуми известуваат дека наводно ирански ракети ја погоди американската воздухопловна база „Инџирлик“ во Турција. Засега нема информации за повредени војници во базата. ⚠️ 𝐁𝐫𝐞𝐚𝐤𝐢𝐧𝐠 𝐍𝐞𝐰𝐬 ⚠️ 🇮🇷🇹🇷🇺🇸 | IRAN HAS JUST HIT A U.S BASE IN TURKEY! “First footage of strikes on the US Incirlik Air Base in Turkey” pic.twitter.com/ai9WVbNOVB — Iran Spectator (@IranSpec) …

Ирански ракети ја погодиле базата „Инџирлик“ во Турција Read More »

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади


Иранската Црвена полумесечина соопшти дека најмалку 555 лица се убиени како резултат на заедничките израелско-американски напади, објави денеска агенцијата „Фарс“. Хуманитарната организација соопшти дека повеќе од 100.000 спасувачи се распоредени во целата земја и дека над 130 региони се погодени од војната. Израел и САД наведоа дека од саботата погодиле стотици цели во Иран вклучувајќи …

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади Read More »

Иран најави „разорен одговор“ на нападите на САД и Израел, сирени во централен Израел


Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека вооружените сили на Исламската Република Иран почнале „разорен одговор“ на нападите кои денеска ги извршија САД и Израел.Во соопштението е наведено дека Иран нема да им подлегне на „ситните барања на непријателот“ и дека ќе продолжи да дава отпор, пренесе Ен-Би-Си. „Непријателот верува дека отпорната иранска …

Иран најави „разорен одговор“ на нападите на САД и Израел, сирени во централен Израел Read More »

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР


Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи неколку години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола за негово управување. Во тој период, според информациите, со хеликоптерот се превезувале и високи политичари и министри.  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава него  поради сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување …

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР Read More »