Средбата Ципрас-Заев „покер“ на високо ниво


 Грчкиот печат со несмалено темпо македонско – грчките односи и последните случувања во спорот со името  ги става во фокусот на вниманието. Насловните страници на денешните неделни изданија на весниците како главна тема ги имаат анализите и информациите околу прашањето за името, преговорите во Њујорк, претстојната средба Заев – Ципрас во Давос и денешниот протест …

Средбата Ципрас-Заев „покер“ на високо ниво Read More »

Нема да има нови вработувања околу Законот за јазиците


Иако  една година по стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците сите институции треба да донесат подзаконски акти за негово спроведување, од владата велат дека нема да се вработи ниту едно ново лице во нив, па и во Инспекторатот и Агенцијата за употреба на јазиците – две институции што ги предвидува законот. Според најавите …

Нема да има нови вработувања околу Законот за јазиците Read More »

Исклучените од централното греење на нов протест


Исклучените од системот на Топлификација денеска пред Регулаторната комисија за енергетика ќе го одржат 149-от редовен протест. Во објавата пишува дека бараат сметките за парно греење да бидат минимум 30 отсто пониски. На протестот, како што информираат, ќе презентираат доказ дека Тарифникот на Регулаторната комисија за енергетика е погрешен и дека постојат сомнежи дека ниту …

Исклучените од централното греење на нов протест Read More »

Туск: Ситуацијата на Балканот подраматична од „Играта на престолите“


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од серијата „Игра на престолите“.Тој предупреди дека на Западниот Балкан на кој Брисел сака да воспостави блиски врски со земјите кои сакаат да се приклучат на Европската Унија, не треба да се дозволи да се одигрува по сценариото на филмската …

Туск: Ситуацијата на Балканот подраматична од „Играта на престолите“ Read More »

Парите од барокните фасади ќе се пренаменат за училиштата


Град Скопје ќе ги реконструира фасадите на сите средни училишта кои имаат потреба. Со ова, училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади за заштеда на електричната и на топлинската енергија. Во буџетот на Град Скопје се предвидени 70 милиони денари, средства кои беа предвидени за нови барокни фасади од проектот Скопје 2014. Предвидени се уште 20 милиони …

Парите од барокните фасади ќе се пренаменат за училиштата Read More »

Словенија и се закани со тужба на Хрватска за границата


Словенечкиот премиер, Миро Церар, изјави пред парламентот дека најдобро би било Хрватска самата да се согласи на спроведување на арбитражната одлука за границата меѓу двете земји. Тој се закани дека во спротивно Словенија ќе биде принудена да тужи. Церар ова го изјави по затворената седница на собраниската комисија за надворешни работи на која придружуван од …

Словенија и се закани со тужба на Хрватска за границата Read More »

Данева: Закон за јазици не се носи без опозиција


Закон од такво општествено и политичко значење не треба да се носи без присуство на опозицијата во Собранието, ниту пак во скратена постапка, вели во изјава за Фактор универзитетската професорка, Ана Павловска Данева, во однос на новиот закон за јазици што го усвои парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ. -Европското знаменце се чини никому не …

Данева: Закон за јазици не се носи без опозиција Read More »

Извештаите за хеликоптерската несреќа кај Блаце кај новиот јавен обвинител


Извештаите за хеликоптерската несреќа кај Блаце ќе му бидат предадени на новиот јавен обвинител, порача денеска министерката за одбрана, Радмила Шекринска, која положи цвеќе пред спомен-обележјата кај Катлановско Блаце во спомен и почит кон припадниците на Армијата на Република Македонија, кои пред десет години загинаа при пад на армиски хеликоптер на враќање од мисијата „Алтеа“ во …

Извештаите за хеликоптерската несреќа кај Блаце кај новиот јавен обвинител Read More »

Барање до претседателот Иванов да стави вето на Законот за јазиците


Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) преку јавно писмо бара најитно повлекување на Законот за употреба на јазиците.Оттаму ги повикуваат народните пратеници да носат закони во согласност со Уставот и додаваат дека владеењето на правото мора да биде главен епитет во работењето, а не, како што велат, шверцерски со знаменце на Европска …

Барање до претседателот Иванов да стави вето на Законот за јазиците Read More »

Апелација ги одби жалбите – единаесет обвинети остануваат во притвор


Поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски остануваат во Шутка. Апелацискиот суд ги одби нивните жалби и не прифати укинување на мерката притвор или замена со поблага мерка. Освен овие двјаца апелација ги одби жалбите и на началникот во Шестата управа во МВР, Оливер Поповски, на шефот на …

Апелација ги одби жалбите – единаесет обвинети остануваат во притвор Read More »

Нимиц во Њујорк ќе предложи рамка за името


  Очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари во Њујорк медијаторот Метју Нимиц ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името изразија попладнево шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на средбата во Солун. Двајцата министри, како што информираа од …

Нимиц во Њујорк ќе предложи рамка за името Read More »

Одобрено обвинението против Ивона Талевска


Совет за оценка во  скопскиот Кривичен суд го одобри обвинителниот акт за предметот на Специјалното јавно обвинителство наречен „Тифани“, а кој се однесува на Ивона Талевска, јави порталот „ПРАВОСУДСТВО.МК“. „Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост. Откако, …

Одобрено обвинението против Ивона Талевска Read More »

ЕУ Обсервер: ЕУ ќе ги прими Србија и Црна Гора во 2025 година


ЕУ се подготвува да се заложи 2025 година да биде крајниот рок за следниот бран на проширување, но споровите на Балканот би можеле да ги задржат работите назад. “Партнерите од Западниот Балкан сега имаат историска можност. За прв пат, перспективата за прием  има  временска рамка за најдобар случај”, ќе порача Европската комисија во стратешкиот документ …

ЕУ Обсервер: ЕУ ќе ги прими Србија и Црна Гора во 2025 година Read More »

БЕСА жртва на политички роварења


Мешање на тајни служби – и домашни и странски, непринципиелни игри зад сцената од страна на лидери на политички партии, но и на други структури… Сето ова стои зад сомнежите на скопскиот огранок на „Беса“, за расколот што се случи во партијата, откако се одржаа две паралелни седници на највисокиот партиски орган – Централниот совет, …

БЕСА жртва на политички роварења Read More »

Дваесет и шест години македонски парламентаризам


Собранието денеска одбележува 26 години од конституирањето на првиот парламентарен состав. Без исклучок, првиот состав се оценува дека покажал неверојатна зрелост, чувство за државност, волја и издржливост за Македонија да стане независна и самостојна држава. Но исто така покажал голем степен на демократија. Од 1994 година наваму се бележи постојан пад на демократизацијата на плуралната …

Дваесет и шест години македонски парламентаризам Read More »

Котески: Македонија можe да се гасифицира за две години


Неблагодарно е да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси, вели директорот на МЕР Благојче Котески. – МЕР го развива транспортот и го носи гасот до главната регулациска станица во градовите, а оттаму самите општини ќе треба да преземат иницијатива, …

Котески: Македонија можe да се гасифицира за две години Read More »

Владата усвои мерки за неконтролираното горење отпад


На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање, владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за ажурираниот Национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи во Македонија. Планот опфаќа и препорачува повеќе акции како наредни чекори за исполнување на обврските кон Стокхолмската конвенција и за унапредување на животната средина во …

Владата усвои мерки за неконтролираното горење отпад Read More »

Дојде првата гринфилд инвестиција според новиот план на Владата


На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со Друштвото за трговија, услуги и производство Џемдаг Лајтинг Еуропа.Ова е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот план за економски раст кој беше промовиран непосредно пред Нова година, кој е …

Дојде првата гринфилд инвестиција според новиот план на Владата Read More »

Заев жали што Алијансата е надвор од владата


Премиерот Зоран Заев изјави денес во Собранието дека останува можноста за соработка со сите партии, и тие кои беа досега дел од владиното мнозинство, но и со партиите од опозицијата. Посочи дека останува можноста за отворени врати на соработка заради тоа што, како што рече, прво треба да се соработува во интерес на граѓаните, со …

Заев жали што Алијансата е надвор од владата Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени статутот на партијата


ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека согласно објавените заложби на новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, започнува процес за измена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ со цел зацврстување на партиските органи, нивната независност и дополнителна демократизација на партијата. „Статутарната комисија започнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на фактот што внатрепартиската иницијатива за реформи …

ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени статутот на партијата Read More »