ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени статутот на партијата


ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека согласно објавените заложби на новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, започнува процес за измена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ со цел зацврстување на партиските органи, нивната независност и дополнителна демократизација на партијата.

„Статутарната комисија започнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на фактот што внатрепартиската иницијатива за реформи во текот на месец јуни 2017 година има доставено до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предлог Декларација за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и предлог измени на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме со свои претставници да земат учество во работата на Статутарната комисија, со цел усогласување на ставовите за предметните измени.

Ги повикуваме сите свои членови да учествуваат во процесот на демократизација на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и со свои предлози да се обратат до Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на ваквата постапка е постигнување на поголема ефикасност на делувањето на органите на партијата, зајакнување на партиските органи, и поголема независност во донесувањето на одлуките од страна на истите. Секоја промена ќе биде направена низ процес на отворен внатрепартиски дијалог и консултација, како и користење на позитивните искуства на демократските десничарски сестрински партии“, стои во соопштението ан оваа партија.