Исклучените од централното греење на нов протест


Исклучените од системот на Топлификација денеска пред Регулаторната комисија за енергетика ќе го одржат 149-от редовен протест.

Во објавата пишува дека бараат сметките за парно греење да бидат минимум 30 отсто пониски. На протестот, како што информираат, ќе презентираат доказ дека Тарифникот на Регулаторната комисија за енергетика е погрешен и дека постојат сомнежи дека ниту имало седница кога е донесен, ниту го донело стручно тело.

На протестот ќе се собираат и потписи против незаконското работење на извршителите.