Апелација ги одби жалбите – единаесет обвинети остануваат во притвор


Поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски остануваат во Шутка. Апелацискиот суд ги одби нивните жалби и не прифати укинување на мерката притвор или замена со поблага мерка.

Освен овие двјаца апелација ги одби жалбите и на началникот во Шестата управа во МВР, Оливер Поповски, на шефот на обезбедувањето на екс спикерот Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, како и на Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов и Илија Славевски. Во истражниот затвор во Шутка, останува и Богдан Илиевски, познат како „Бетмен Велит“. Апелација не ја прифати неговата жалба.

Иако вишото обвинителство побара, апелацискиот суд да му го укине притворот на актерот Владо Јовановски, и тој останува во истражниот затвор во Шуто Оризари. Предлогот за поблага мерка, не го прфатија судиите.

Апелација треба да донесат одлука и по жалбата на претеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски. Иако денеска од судот побарале од затворот Шутка да го донесат пратеникот на јавна седница, тој одбил. Во негово име пред судиите, укинување на притворот побара неговиот адвокат Александар Новаковки. Тој рече дека апелацииските судии имаат можност да ја исправат неправдата која му била нанесена на Василевски со незаконското одземање на неговиот пратенички имунитет во Собранието. Од друга страна пак вишото обвинителство побара Сашо Василевски да остане во притвор, поради страв од бегство, и можност да влијае на сведоците но и на истрагата која се уште не е завршена.