Парите од барокните фасади ќе се пренаменат за училиштата


Град Скопје ќе ги реконструира фасадите на сите средни училишта кои имаат потреба. Со ова, училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади за заштеда на електричната и на топлинската енергија. Во буџетот на Град Скопје се предвидени 70 милиони денари, средства кои беа предвидени за нови барокни фасади од проектот Скопје 2014. Предвидени се уште 20 милиони денари, средства со кои ќе се изврши  до опремување на училиштата и ќе се уреди внатрешната инфраструктура согласно со приоритетите на секое од училиштата.

Годинешниот буџет на Град Скопје за образование е двојно зголемен во  споредба со лани, односно од 81,2 милиони денари на 163,2 милиони денари.