Работодавачите бараат итно да се формира владата и да се донесат антикризни мерки 


Организацијата на работодавачи бара брзо формирање на Влада, со цел да се донесат нов сет антикризни мерки. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека посебно на удар е текстилната индустрија. Бизнисот со шиење заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат  дека  на голем број конфекции им се заканува затварање во октомври поради …

Работодавачите бараат итно да се формира владата и да се донесат антикризни мерки  Read More »

Тешко повреден жител на Шишево во синоќешното невреме


Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското …

Тешко повреден жител на Шишево во синоќешното невреме Read More »

Битката со Ковид-19 ја загуби Арбен Бајо, еден од најпознатите албански скулптори


Еден од најпознатите албански скулптори и професор на Академијата за уметности во Тирана, Арбен Бајо, денеска ја загуби битката со опасниот коронавирус. Тој беше хоспитализирн во Инфективната клиника во Тирана а последните денови поставен на респираторна машина. Вчера негови пријатели,колеги и студенти меѓу кои беше многу ценет, преку социјални мрежи апелираа за донирање крвна плазма …

Битката со Ковид-19 ја загуби Арбен Бајо, еден од најпознатите албански скулптори Read More »

Лани повеќе починати отколку родени во Македонија


За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15.736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле. Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението …

Лани повеќе починати отколку родени во Македонија Read More »

Стојанов: Здравствените работници се преморени, здравството финансиски исцрпено


КОВИД-19 ги напаѓа и старите и младите, и со коморбититети и без коморбидитети. Нема правило. Ова е сè уште нова инфекција за сите нас, ни треба повеќе време за да направиме релевантни статистики. Излезе дека вирусот се прилагодува и на зимско и на летно време. Сепак, оптимист сум и мислам дека трендот на заболени е во …

Стојанов: Здравствените работници се преморени, здравството финансиски исцрпено Read More »

ЕСМ: Купете струја на слободниот пазар, поскапа е од нашата!


Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата. Секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика, наведено е во соопштението од ЕСМ. „Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната …

ЕСМ: Купете струја на слободниот пазар, поскапа е од нашата! Read More »

Костадинов му порача на Апасиев дека е фашист


Откако вчера пратеникот Димитар Апасиев ја скандализираше јавноста со својата објава на фејсбук која се однесува на вицепремиерката во заминување, Радмила Шекеринска, се појавија првите реакции. Неговиот колега, исто така пратеник, но и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, му порача на Апасиев дека е фашист, но и го упати да ги врати парите што ги …

Костадинов му порача на Апасиев дека е фашист Read More »

Американците што изгубиле работа поради епидемијата ќе добијат по 400 долари неделно


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни декрети кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19. На прес-конференцијата  Трамп објави дека, благодарение на декретите, ќе продолжат плаќањата на федерална помош на невработените. – Помошта беше 600 долари неделно и сега ќе изнесува 400 долари. …

Американците што изгубиле работа поради епидемијата ќе добијат по 400 долари неделно Read More »

До утре туристичките агенции можат да се регистрираат за користење ваучери


Лиценцираните туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, до утре, 10 август, може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“. На овој начин, граѓаните кои добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети ќе можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата. …

До утре туристичките агенции можат да се регистрираат за користење ваучери Read More »

Таравари: Ќе влеземе во влада со ДУИ само ако Насер Зибери е мандатар


Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците. – Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени …

Таравари: Ќе влеземе во влада со ДУИ само ако Насер Зибери е мандатар Read More »

За есенскиот бран се подготвуваат 16 ковид центри


Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за телевизија Алсат истакна дека ресорното министерство презема чекори за зголемување на болничките капацитети со 16 нови ковид центри, зголемување на капацитетите за брза дијагностика, како и зајакнување на медицинскиот персонал во пресрет на есенскиот евентуален нов бран од ковид-19. Тој потенцираше дека се подготвуваат 16 ковид центри …

За есенскиот бран се подготвуваат 16 ковид центри Read More »

Заев негира дека има прелиминарен дoговор со ДУИ


Прелиминарен договор за парламентарно мнозинство и формирање на нова Влада меѓу СДСМ и ДУИ сè уште нема, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Телма. Заев повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.

Демонстранти упаднаа во Министерството за надворешни работи во Бејрут


Десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против Владата, јавуваат светските медиуми. Претходно полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот. Околу 7.000 …

Демонстранти упаднаа во Министерството за надворешни работи во Бејрут Read More »

Уште 200 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, само 15 оздравени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 …

Уште 200 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, само 15 оздравени Read More »

Ковачевски: Со цената за струјата сме на раб на опстојување


– Со цената што ја му ја дадовме на универзалниот снабдувач се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Според него, на …

Ковачевски: Со цената за струјата сме на раб на опстојување Read More »

Владата оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак


Во име на Владата на Македонија, Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година, соопшти владината прес-служба. …

Владата оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак Read More »

Бродот што превезувал амониум нитрат потонал во Бејрут во 2018 година 


 Бродот Rhosus, од кој бил конфискуван амоним нитратот, опасна материја што најмногу се користи како ѓубриво и за правење експлозиви, потонал во пристаништето на Бејрут во 2018 година, соопшти синоќа Њујорк тајмс.  Весникот се повикува на сателистки снимки и други податици за движењето на бродот. Како резултат на трагичната експлозија што се случи на 4 август во …

Бродот што превезувал амониум нитрат потонал во Бејрут во 2018 година  Read More »

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак


Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста …

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак Read More »

Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови


Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија.  Според првичните информации, загинале пилотот и двајца патници. Според Асошиетед Прес вкупно 14 лица загинале а 123 се повредени.Лошото време   било главната причина за несреќата. Станува збор за Боинг 737.

ДУИ и СДСМ договориле принципи за коалиција


Од ДУИ брифираа попладнево дека генералните секретари на СДСМ и ДУИ, Љупчо Николовски и Артан Груби, ги договориле принципите на соработка меѓу двете партии. Според ДУИ, блиску се до договор за заедничка влада, но работата не е завршена се уште. „Имавме конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани на Република Северна Македонија за …

ДУИ и СДСМ договориле принципи за коалиција Read More »