Заев негира дека има прелиминарен дoговор со ДУИ

Прелиминарен договор за парламентарно мнозинство и формирање на нова Влада меѓу СДСМ и ДУИ сè уште нема, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Телма.

Заев повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.