Таравари: Ќе влеземе во влада со ДУИ само ако Насер Зибери е мандатар


Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата за Албанците.

– Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ – вели Таравари.