Лидерите на црногорската опозиција се залагаат за експертска влада


 Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, денеска се договорија за повеќе принципи врз кои ќе се темели идната црнпгорска Влада, која ќе вклучува формирање експертска влада, како и измена, дополнување и ревизија на дискриминаторските закони и подзаконски акти, вклучувајќи го …

Лидерите на црногорската опозиција се залагаат за експертска влада Read More »

Албанскиот шеф на дипломатијата му го честиташе изборот на Османи


Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај му го честиташе изборот за нов шеф на македоснката дипломатија на Бујар Османи, изразувајќи подготвеност за зголемување на динамиката за членство во ЕУ. Цакај во објава на Фејсбук, напиша дека телефонски разговарал со „првиот албански дипломат на Македонија“ и оти со него на чело на …

Албанскиот шеф на дипломатијата му го честиташе изборот на Османи Read More »

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на браќата Усеини


МАКЕДОНИЈА Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација. Минатата недела браќата Усеини поднесоа гаранција за бидат пуштени од притвор, откако претходно истиот …

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на браќата Усеини Read More »

Вучиќ убеден дека Црна Гора ќе ја зачува стабилноста


Убеден сум дека Црна Гора ќе ги зачува стабилноста и мирот, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум. Тој ги отфрли оценките изнесени од телевизијата Ал Џезира, дека Црна Гора може да биде нова точка на нестабилност во регионот на Западен Балкан по овие избори. Вучиќ посочува дека не може …

Вучиќ убеден дека Црна Гора ќе ја зачува стабилноста Read More »

Петкратно зголемување на бројот на невработени во Русија


Бројот на официјално невработени во Русија во последните шест месеци е зголемен за пет пати, изјави денеска рускиот министер за труд Антон Котјаков. Во моментов во Русија официјално има 3,6 милиони невработени, споредено со 727.000 во март, соопшти Котајаков во изјава за руските медиуми. Руската економија бележеше пад на активноста и пред пандемијата на коронавирусот, …

Петкратно зголемување на бројот на невработени во Русија Read More »

Заев ги претстави приоритетите и владата на претседателот на државата


Премиерот Зоран Заев го престави денес новиот состав на извршната власт пред претседателот на државата Стево Пендаровски. Притоа ги повтори приоритетите што ги најави претходно во Собранието, од економијата, судството до реформи на администрацијата. „Обединети во различностите заедно ја создадовме програмата за новата влада.Имаме силни аргументи да го убедиме претседателот Пендаровски дека не обединува силна …

Заев ги претстави приоритетите и владата на претседателот на државата Read More »

Заштитата на културното наследство приоритет на Стефоска


Новата министерка за култура Ирена Стефоска денеска официјално ја презеде функцијата. Основната задача на која како министерка ќе се посвети за време на овој мандат, како што истакна, е заштитата на културното наследство но и раскрстување со варварското однесување кон културното наследство. Стефоска по преземањето на функцијата изјави дека ќе работи на обединување на знаењата …

Заштитата на културното наследство приоритет на Стефоска Read More »

„Омегата“ од предметот „Монструм“ била исчистена пред да биде пронајдена


Возилото „Опел Омега”, за кое се претпоставува дека го користиле извршителите на убиството на Смилковско Езеро, внатре било неизвалкано. Поранешен припадник на МВР, кој на 13 април 2012 бил на местото Враживир, и имал за задача да ја фото-документира колата, рече дека работел на многу кривични настани, но во овој случај возилото било исчистено и …

„Омегата“ од предметот „Монструм“ била исчистена пред да биде пронајдена Read More »

Албанските медиуми за изборот на новата македонска влада


Албанските медиуми отстапија широк простор за изборот на новата влада на Република Северна Македонија, посебно посочувајќи ги приоритетите што ги соопшти премиерот Зоран Заев, како и бројот на министрите Албанци во новата извршна власт на земјата. „Избрана влада на Северна Македонија-Заев ги соопшти приоритетите“, „Во новата влада на премиерот Заев шест министри Албанци“, се само …

Албанските медиуми за изборот на новата македонска влада Read More »

„Пакомак“: Од тоа каде ќе го фрлите шишето зависи како ќе живеат вашите децалектирањето на отпадот


Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе …

„Пакомак“: Од тоа каде ќе го фрлите шишето зависи како ќе живеат вашите децалектирањето на отпадот Read More »

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски


Новиот премиер Зоран Заев официјално ја презеде функцијата. Рано утрово тој во Владата се сретна со досегашниот премиер кој ја предводеше техничката Влада Оливер Спасовски. Заблагодарувајќи му се на досегашниот премиер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, Заев оценил дека храбро и успешно се справиле со здравствено-економската …

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски Read More »

Орбан со декрет забрани влез на странци во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци. Забраната, која денеска беше објавена во Службен весник на таа земја, ќе стапи во сила утре, а беше најавена минатиот петок. Исклучоци се однесуваат на владини функционери кои организираат официјални настани, приматели на медицински услуги, странски студенти …

Орбан со декрет забрани влез на странци во Унгарија Read More »

(Во живо) Изјава на премиерот Зоран Заев по изгласувањето на Владата


https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/233888164631271 Паралелно со изјавата на Фејсбук новиот премиер упати и пишана порака до грашаните: „Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво согласно интересот на граѓаните и државата. Им благодарам на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознаа важноста и потребата од нова одговорна Влада и …

(Во живо) Изјава на премиерот Зоран Заев по изгласувањето на Владата Read More »

Изгласана новата Влада на Македонија


Со 62 гласа вечерва, половина час пред полноќ, беше изгласана новата влада на Македонија. Против гласаа 51 пратеник, а воздржани немаше. Мандатарот Зоран Заев во последното обраќање пред гласањето рече дека новиот кабинет ќе служи чесно и одговорно и ќе биде сервис на сите граѓани. „Многу омраза има, многу зла крв, нема потреба од тоа. …

Изгласана новата Влада на Македонија Read More »

На Силјановска и пречи што ќе нема промена на Уставот


Во текот на попладневниот дел од расправата во Собранието за избор на нова Влада, пратениците од власта и опозицијата продолжија со изнесување оценки  за предложениот владин состав и програма, доставени од мандатарот Зоран Заев. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива акламативно најавија дека нема да дадат поддршка за избор …

На Силјановска и пречи што ќе нема промена на Уставот Read More »

Расправа под ниво во Собранието


Расправа под ниво се случи денес во Парламентот, откако пратеникот Игор Јанушев со реторика од улица и со лупање од говорница се обрати од собраниската говорница, по што се отвори расправа до каде може да оди слободата на говор на пратениците, што предвидува процедурата и кој е губитник па лечи фрустрации со навреди место со …

Расправа под ниво во Собранието Read More »

Штајнмаер: Немирите пред Бундестагот се напад врз срцето на нашата демократија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ги осуди немирите на екстремната десница и обидот да се пробијат во зградата на Парламентот за време на протестот против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот. – Знамињата на германскиот Рајх и немирите на крајната десница пред Бундестагот претставуваат недозволив напад врз срцето на нашата демократија. Ние никогаш нема …

Штајнмаер: Немирите пред Бундестагот се напад врз срцето на нашата демократија Read More »

Критики за образованието во Собранието


Расправата во Собранието за избор на Влада продолжи по паузата. Претходно,  пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, истакна дека ќе гласа ЗА и дека ќе ја поддржува новата Влада во целиот мандат бидејќи, како што рече, верува во кадрите кои се предложени да раководат со министерствата. -Уверен сум дека не само, тоа што ќе го почнат …

Критики за образованието во Собранието Read More »

Павле Трајанов бара да се намали бројот на пратеници на 90


Пратеникот Павле Трајанов денеска прв се обрати на продолжението на собраниската седница за избор на новата Влада. Тој предложи да се намали бројот на пратеници, како што рече, од 120 на 90. Трајанов предложи и Македонија да биде една изборна единица, а да остане пропорционалниот модел. „Треба да се остави можност претседателот на државата да …

Павле Трајанов бара да се намали бројот на пратеници на 90 Read More »

Стоилковски: И фирмата на Нина Ангеловска зела антикризна помош


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски објави денес дека и фирмата на министерката Нина Ангеловска зела државна антикризна помош. „Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма Вебспот, фирма регистрирана …

Стоилковски: И фирмата на Нина Ангеловска зела антикризна помош Read More »