Стоилковски: И фирмата на Нина Ангеловска зела антикризна помош


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски објави денес дека и фирмата на министерката Нина Ангеловска зела државна антикризна помош.

„Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма Вебспот, фирма регистрирана за интернет трговија.

Фирмата Вебспот во сопственост на Нина Ангеловска на 08.07.2020 година земала 210.909 денари, на 12.06.2020 земала 224.750 денари и на 19.05.2020 земала 224.750 денари, од помошта од антикризните мерки за време на епидемијата од Ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари.

Ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има“, порача Стоилковски.