Хаѕидакис: 50-50 се шансите за решение на прашањето со името


Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името. – …

Хаѕидакис: 50-50 се шансите за решение на прашањето со името Read More »

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април


Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази. Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги …

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април Read More »

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје


СДСМ преку соопштение реагира на денешната изјава на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, единствени резултати од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ се криминалните тендери. ‘’ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје, бидејќи наместените тендери за остварување криминални интереси, уништеното зеленило, лажниот барок и еден од најзагадените градови во Европа се единствените …

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје Read More »

„Твитер“ забрани реклами на „Касперски“


Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека забранила објавување на реклами на рускиот производител на компјутерски антивирус програми „Касперски Лаб“ на нејзината социјална мрежа, затоа што неговиот деловен модел ги прекршува правилата на платформата. Во соопштението на „Твитер“ се наведува дека постојат сомнежи оти „Касперски“ е поврзан со руските разузнавачки агенции. – Одлуката ја донесоваме затоа што …

„Твитер“ забрани реклами на „Касперски“ Read More »

(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје


Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Како што пренесува Макфакс, двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали. Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк …

(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје Read More »

Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач


На предлог на косовскиот претседател Хашим Тачи, а со согласност на премиерот Рамуш Харадинај, за нов директор на косовската тајна служба АКИ е именуван Шпенд Маџуни. Како што јави дописникот на МИА, Маџуни, досегашен генерален директор на косовската полиција, доаѓа на местото на Дритон Гаши, кој поднесе оставка на барање на Харадинај, по случајот со …

Шпенд Маџуни нов косовски прв разузнавач Read More »

(Фото) Симулациска вежба на сообраќајна несреќа


Министерството за внатрешни работи во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и на патиштата и “Skopje City Mall”, реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер. Симулацијата, има за цел да ја подигне свеста на …

(Фото) Симулациска вежба на сообраќајна несреќа Read More »

Туск во Скопје на 27 април


Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши …

Туск во Скопје на 27 април Read More »

„Бомбите“ се слушаа на рочиштето за „Топлик“


На денешното рочиште за „Топлик“ во Кривичниот суд се слушаа 11 прислушувани разговори во врска со овој предмет. Одбрана на Миле Јанакиески побaра јавноста да се исклучи, но судијата Осман Шабани го одби приговорот, велејќи дека со нивното објавување нема да се наруши приватноста на обвинетите. Во предметот на СЈО „Топлик“ осомничени се поранешниот министер …

„Бомбите“ се слушаа на рочиштето за „Топлик“ Read More »

Груевски: „Тенк“ е бесмислен и апсурден предмет


Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното рочиште за предметот „Тенк“ се пожали дека и денеска судењето траеше по завршување на работното време. – И денеска, иако не толку како што во претходни прилики што се случуваше судењата да траат по 11 часа, Судот надвор од работното време го продолжи судењето без да образложи зошто …

Груевски: „Тенк“ е бесмислен и апсурден предмет Read More »

Нови вакцини, промена на вакциналниот календар и нови правила за заштита на децата


Со две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се осовременува календарот за имунизација, со што Македонија станува лидер во регионот на поле на имунизацијата. Тие вакцини од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата. Ова денеска на средба со новинарите го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе бидат …

Нови вакцини, промена на вакциналниот календар и нови правила за заштита на децата Read More »

Тевдовски: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст


Безусловната препорака на Европската комисија за Македонија да ги започне пристапните преговори ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе го поттикне економскиот раст, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Блумберг. Во интервјуто министерот наведува дека како резултат на солидната приватна потрошувачка и високите стапки на извоз, годинава се очекува забрзување на …

Тевдовски: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст Read More »

Единаесетте сведоци на одбраната во „Тенк“ пет часа даваа искази во суд


 Единаесетте сведоци на одбраната во случајот „Тенк“ денеска пет часа даваа искази во Кривичниот суд. Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности. Сведокот Данчо Петров, кој бил член на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека …

Единаесетте сведоци на одбраната во „Тенк“ пет часа даваа искази во суд Read More »

Предметот „Тенк”, Јордановски: Мерцедесот често пати бил во дефект


По кусата пауза, попладнево продолжи рочиштето за „Тенк“. Во моментов сведочи осмиот сведок Ивица Јордановски, вработен во МВР, кој бил задолжен за „мерцедесот“ во кој се возел поранешниот премиер Никола Груевски. Рече дека „мерцедесот“ бил стар, произведен 1999 година и дека често пати бил во дефект. – Откажуваа сопирачките, климата, амортизацијата и кога ќе го …

Предметот „Тенк”, Јордановски: Мерцедесот често пати бил во дефект Read More »

Ѓошевски и Поповски обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор со гаранција


На поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на Собранието,  Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои се дел од обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција. Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет го …

Ѓошевски и Поповски обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор со гаранција Read More »

Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за приемот на Македонија во НАТО


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за нашиот прием во НАТО, а во врска со нерешениот спор со Грција околу името нагласи дека само дел од работите зависат од македонската страна. Коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас дека до јуни нема да се …

Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за приемот на Македонија во НАТО Read More »

Постигнувањата на Арсен Венгер за 22 години на чело на Арсенал


Без сомнение, Арсен Венгер ќе остане засекогаш запаметен како еден од најдобрите тренери кои работеле во Премиер Лигата. Францускиот специјалист помина неверојатни 22 години на чело на „топџиите“, а денес објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти англискиот фудбалски гигант. Што, сепак, успеа да постигне тој во овој долг период во Лондон? Арсен …

Постигнувањата на Арсен Венгер за 22 години на чело на Арсенал Read More »

Ливерпул пред договор со Дани Себаљос


Ливерпул е блиску до потпишување на четиригодишен договор со младата надеж на Реал Мадрид, Дани Себаљос. Трансферот се очекува да изнесува околу 40 милиони евра, а минатата година, „кралевите“ на Бетис платија 18 милиони евра за неговите услуги. Дваесет и едно годишниот фудбалер ретко добива шанса од Зинедин Зидан. Себаљос потпиша шестгодишен договор по неговото …

Ливерпул пред договор со Дани Себаљос Read More »

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството


ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците, го уназадија земјоделството, а преку погубните политики се создаваше непријателски однос меѓу земјоделците и откупувачите, се вели во соопштението на СДСМ. “Според јавно достапните информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги …

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството Read More »

Во Германија уапсен менаџер од Порше


Германската полиција го уапси шефот на одделот за развојот на мотори во „Порше” и тој се наоѓа во притвор. Тој е приведен бидејќи постоело сомнение дека може да побегне од земјата, јавија германските медиуми. Портпаролот на Порше одби да даде коментар. Германскиот дневен весник „Билд ем Зонтаг“ претходно објави интерна порака од извршниот директор на …

Во Германија уапсен менаџер од Порше Read More »