(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје


Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Како што пренесува Макфакс, двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали.

Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк која направила фотографии од легитимирањето на скопјанката со марихуаната. Полицајците и неа ја легитимирале и побарале да ги избрише фотографиите за што новинарката вели дека ќе го извести Здружението на новинари на Македонија.

Вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“ скопјанка, која се претстави како судски преведувач, објави видео во кое пуши цигара на улица Скопје и опишува дека марихуаната ` помага да го почне денот.