(Фото) Симулациска вежба на сообраќајна несреќа


Министерството за внатрешни работи во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и на патиштата и “Skopje City Mall”, реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер.

Симулацијата, има за цел да ја подигне свеста на младите за совесно и одговорно однесување, како и да се види и да се биде сигурен дека системот е подготвен и може да одговори кога ќе се случат сообраќајни незгоди.