За 150 отсто зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија


Раст од скоро 150 отсто на инсталираниот капацитет во обновливи извори за единаесет месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што …

За 150 отсто зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија Read More »

САД првпат ја истакнуваат вештачката интелигенција како ризик за финансискиот систем


Финансиските регулатори во САД за првпат ја наведоа вештачката интелигенција (ВИ) како ризик за финансискиот систем. Во својот последен годишен извештај, Советот за надзор на финансиската стабилност (ФСОЦ) наведува дека зголемената употреба на ВИ во финансиските услуги е „ранливост“ за следење. Додека вештачката интелигенција нуди ветување за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста, идентификување посложени …

САД првпат ја истакнуваат вештачката интелигенција како ризик за финансискиот систем Read More »

Поддршката на меѓународните финансиски организации е клучна за зелената транзиција


Поддршката на меѓународните финансиски организации е суштинска во процесот за поттикнување и обезбедување финансии во спроведувањето на зелената транзиција, за која се потребни значителни инвестиции. Ова било истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами и главниот економист Анета Крстевска и делегација на високи претставници на Меѓународната …

Поддршката на меѓународните финансиски организации е клучна за зелената транзиција Read More »

Економијата на САД во третиот квартал пораснала за 5,2 отсто


Според податоците објавени денеска од Бирото за статистика на САД, бруто домашниот производ (БДП) на САД во третото тримесечје пораснал за 5,2 отсто.  И покрај мало успорување на економијата, мнозинство од економистите не очекуваат рецесија, мекото спуштање на економијата на САД успеа бидејќи пазарот на трудот продолжува со активно создавање на нови работни места.  Џером …

Економијата на САД во третиот квартал пораснала за 5,2 отсто Read More »

Турција ги достави отпечатоците за случајот со Вања и Панче


Системот многу брзо и ефикасно реагираше и дојдовме до разоткривање на случајот со убиството на малата Вања и на Панче и при тоа се откриени сторителите на ова грозоморно убиство. За двата случаја се постапуваше веднаш по пријавите за исчезнување на лице. Во тој момент почнаат сите постапки и се активираа сите механизми и врз …

Турција ги достави отпечатоците за случајот со Вања и Панче Read More »

Отворена истрага за хирургот, кој двапати го оперираше папата Франциско


Хирургот кој двапати го оперираше папата Франциско е под истрага, соопштија од римската болница „Џемели“, по извештајот во медиумите дека против него е покрената постапка поради фалсификување документи. Серџо Алфиери, кој го оперираше папата во јуни оваа година, како и во 2021 година, повеќе пати се потпишал во регистарот на присустни во салата за операции …

Отворена истрага за хирургот, кој двапати го оперираше папата Франциско Read More »

Велика Британија воведува санкции за израелските доселеници заради напади на Западниот брег


Обединетото Кралство денеска соопшти дека воведува забрана за патување на израелските доселеници одговорни за нападите врз Палестинците на окупираниот Западен Брег. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон на социјалната мрежа X напиша дека екстремистичките доселеници „ја поткопуваат безбедноста и стабилноста и на Израелците и на Палестинците“. „Израел мора да преземе посилни мерки за да …

Велика Британија воведува санкции за израелските доселеници заради напади на Западниот брег Read More »

Грчка компанија казнета со два милиони евра поради нејасни попусти на одредени производи


Грчката компанија „Коцоволос“, една од најголемите мрежи на продавници за бела техника во земјата е казнета со два милиони евра поради тоа што за одредени производи на попуст, не била јасно наведена цената пред и по намалувањето, соопштија од Министерството за развоја на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Казната е изречена по спроведената …

Грчка компанија казнета со два милиони евра поради нејасни попусти на одредени производи Read More »

Законот за нефер трговски практики следната недела во Собрание


Министерот за економија Крешник Бектеши очекува инфлацијата да продолжи да се намалува, а согласно анализите што се при крај, ако е потребно, како што најави денеска, ќе бидат продолжени мерките на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање Бектеши апелира во Државниот пазарен инспекторат да се пријават евентуални злопотреби  на гарантираните цени во пресрет на празниците. Соопшти …

Законот за нефер трговски практики следната недела во Собрание Read More »

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година, одбиени 19 амандмани


На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет беа разгледани и одбиени вкупно 19 амандмани на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Одбиените амандмани се однесуваа на обезбедување на финансиски средства за изградба на фекални, канализациски и водоснабнителни мрежи во населени места во општините Јегуновце, Зелениково, Петровец, Велес, Чашка, Гази Баба, Могила, Струга, Чешиново-Облешево, Ѓорче …

Амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година, одбиени 19 амандмани Read More »

Десет години Фонд за иновации и технолошки развој – поддржани 1.100 проекти од 138 милиони евра


Со 1.100 поддржани проекти со инвестиции од 138 милиони евра Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска одбележува 10 години од основањето. Фокус на работата следната година ќе биде поддршка на зелените инвестиции. Со успешното акредитирање кон Зелениот Климатски Фонд државата ќе може директно да пристапи до фондовите за оваа намена. Како што беше …

Десет години Фонд за иновации и технолошки развој – поддржани 1.100 проекти од 138 милиони евра Read More »

Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ, вели Бектеши


Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека барањето за проширување на капацитетот за гас е принциопиелно согласно регулативите на Европската Унија и процентот колку се користи во моментов и оти со тоа ќе се добијат поконкурентни цени и за индустријата. Одговарајќи на новинарски прашања, во однос на најавата за повлекување на бугарската такса за транзит …

Барањето за проширување на капацитетот за гас е согласно регулативите на ЕУ, вели Бектеши Read More »

ЕБОР и ЕУ инвестираат во заеднички железнички премин помеѓу Македонија и  Србија


Првиот заеднички премин помеѓу Северна Македонија и  Србија ќе ја зголеми ефикасноста и ќе ја подобри регионалната поврзаност Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) соопштија дека помагаат во зајакнувањето на регионалната интеграција и поврзаноста во Западен Балкан преку изградба на првиот заеднички железнички граничен премин, помеѓу Северна Македонија и Србија. …

ЕБОР и ЕУ инвестираат во заеднички железнички премин помеѓу Македонија и  Србија Read More »

Бектеши: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари


Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана. Тој негира дека се компензира воведената евтина …

Бектеши: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари Read More »

Минхенскиот институт Ифо ги намали прогнозите за раст на германската економија


Германската економија следната година ќе порасне за 0,9 отсто, проценува минхенскиот институт за економски истражувања Ифо во најновата економска прогноза, откако во септември прогнозираше раст од 1,4 отсто. За 2025 година Институтот сега очекува раст од 1,3 отсто, а претходно изнесуваше 1,2 отсто. Според шефот на економските истражувања во Ифо , Тим Волмершаузер, полошиот економски …

Минхенскиот институт Ифо ги намали прогнозите за раст на германската економија Read More »

Азески го презеде раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори


На седницата на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори (АБК) што се одржа на 13 декември (среда) во Солун, Грција беше потврден изборот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за претседател на Асоцијацијата во следната година. Досегашниот претседател Јоанис Масутис, кој истовремено е и претседател на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција и …

Азески го презеде раководењето со Асоцијацијата на Балкански комори Read More »

Во тек огласот за вработување на 18 лекари и помошно-технички персонал во штипската Клиничка болница


Клиничка болница-Штип доби согласност за вработување на 18 лица. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека огласот е во тек, се очекува и наредната недела да се изврши изборот. -Добивме согласност за вработување на пет доктори, пет болничари, пет хигиеничари и по еден водоинсталатер, парноложач и електричар. Значи се вкупно 18 нови вработувања, во …

Во тек огласот за вработување на 18 лекари и помошно-технички персонал во штипската Клиничка болница Read More »

Во тек е јавниот повик за набавка на комбајни за жито, крајниот рок за аплицирање е 30 декември


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците дека во тек е јавниот повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито. Крајниот рок за доставување …

Во тек е јавниот повик за набавка на комбајни за жито, крајниот рок за аплицирање е 30 декември Read More »

Аирбнб ќе и плати на Италија 576 милиони евра


Интернет страницата за сместување Аирбнб (Airbnb) се согласи да им плати на италијанските даночни власти 576 милиони евра за решавање на даночен спор. Италија вели дека сумата се однесува на пари што компанијата не ги наплатила како данок на доход од луѓе кои изнајмувале соби или имоти на популарната локација за краткорочно изнајмување. Изнајмувачите во …

Аирбнб ќе и плати на Италија 576 милиони евра Read More »

Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија


  Русија повторно стана најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија, се вели во извештајот објавен денеска од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Русија обезбеди речиси 17 отсто од вкупниот кинески увоз на нафта, Саудиска Арабија 14 отсто, а Малезија околу 12 отсто, пренесува ТАСС. Увозот на нафта во Кина е зголемен …

Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија Read More »