Економијата на САД во третиот квартал пораснала за 5,2 отсто


Според податоците објавени денеска од Бирото за статистика на САД, бруто домашниот производ (БДП) на САД во третото тримесечје пораснал за 5,2 отсто. 

И покрај мало успорување на економијата, мнозинство од економистите не очекуваат рецесија, мекото спуштање на економијата на САД успеа бидејќи пазарот на трудот продолжува со активно создавање на нови работни места. 

Џером Пауел од Федералите резерви сигнализираше намалување на основните каматни стапки, што неделава ги раздвижи берзите со рекорден раст на цените на акциите. 

Министерстото за труд на САД денеска објави и уште еден извештај според кој, бројот на лицата кои барале исплати за невработеност во неделата што заврши на 9 декември се намалил за 19.000 до 202.000. 

Според Министерството за трговија, во третиот квартал продажбите на стоки за широка потрошувачка изнесувале речиси 706 милијарди долари, или за 4,1 отсто повеќе споредено со истиот период лани. 

Економистите очекуваат растот на расходите за потрошувачка со корекција на инфлацијата во ова тримесечје да биде 2 отсто.  

Федералните резреви очекуваат БДП-то на САД во четвртото тримесечје да порасне за 1.2 отсто, што е пониско од неинфлациското темпо на раст од 1.8 отсто.  

Растот се очекува да биде намален со зголемување на дефицитот на трговскиот баланс и намалување на натрупаните непродадени стоки.