За 150 отсто зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија


Раст од скоро 150 отсто на инсталираниот капацитет во обновливи извори за единаесет месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што е за 150 отсто повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW, соопшти РКЕ.

– За безмалку две години имаме нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 531,5 МW што произведуваат електрична енергија од обновливи извори што пак влијае врз намалување на една третина од увозот на електрична енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува близу169 илјади домаќинства.