Новата рударска еволуцијата ќе го минимизира влијанието врз животната средина


  Новиот рударски бум во светот е започнат и поттикнат од потребата за справување со климатските промени и од побарувачката за обновливи извори на енергија. Паралелно со напливот на новите потрошувачки трендови за ретки руди, рударството директно се справи и со неопходноста да ја имплементира одржливоста во сопствената индустрија како одговор на климатските цели кои …

Новата рударска еволуцијата ќе го минимизира влијанието врз животната средина Read More »

Платформата за испорака на храна и малопродажба „Волт“ доаѓа во Македонија


„Волт“ (Wolt), иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Северна Македонија. Со оваа експанзија, Северна Македонија се приклучува на растечката мрежа на „Волт“, која покрива 28 земји и вработува над 12 000 луѓе. Патувањето на „Волт“ започнува во 2014 …

Платформата за испорака на храна и малопродажба „Волт“ доаѓа во Македонија Read More »

Украина тврди: Севернокорејски генерали и илјадници војници се во Русија


Украинската влада идентификуваше тројца севернокорејски генерали – Ким Јонг Бок, Ри Чанг Хо и Син Кум Чеол, за кои Киев тврди дека се наоѓаат во Русија со илјадници севернокорејски војници. Во изјава пред Советот за безбедност на ОН, украинската делегација соопшти дека тројцата генерали се дел од најмалку 500 севернокорејски офицери испратени во Русија. Според …

Украина тврди: Севернокорејски генерали и илјадници војници се во Русија Read More »

Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава


 Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата …

Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава Read More »

Зеленски остро ги критикуваше САД: „Како протече тајниот план? Беше доверлив“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека побарал од Соединетите Држави ракети со долг дострел „Томахавк“ за да помогнат во поразот на Русија – додека остро ја критикува Белата куќа за објавување тајни на американските медиуми. Ракетите „Томахавк“ можат да достигнат до 1.500 километри и ќе и овозможат на Украина да изврши напади длабоко во Русија, …

Зеленски остро ги критикуваше САД: „Како протече тајниот план? Беше доверлив“ Read More »

Маск повикан во суд, делел пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД


Судија во Филаделфија му нареди на милијардерот Илон Маск да се појави пред суд на сослушување во врска со делењето по еден милион евра на регистрираните гласачи во таканаречените колебливи држави на САД. Обвинителите од Филаделфија се изјаснија против иницијативата на Маск да подарува милиони преку лотарија, по што беше поднесена тужба. Канцеларијата на градското …

Маск повикан во суд, делел пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД Read More »

Пократката работна недела на Исланд е „полн погодок“


Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела. Помеѓу 2020 и 2022 година, 51 отсто од работниците во земјата ја прифатиле понудата да работат пократко, вклучително и четиридневна работна недела, открија два тинк-тенкови и додадоа дека денес веројатно …

Пократката работна недела на Исланд е „полн погодок“ Read More »

Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп ѓубре. Тој на митинг дојде со камион за собирање ѓубре


Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек. Пред тоа на митингот возеше со камион за ѓубре. „Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите. TRUMP ARRIVES …

Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп ѓубре. Тој на митинг дојде со камион за собирање ѓубре Read More »

Најмалку две лица убиени, а 34 повредени во руски напад врз Харков


Најмалку две лица загинаа, а 34 се повредени во руски напад со воздушна бомба врз повеќекатна зграда во Харков, соопшти денеска шефот на регионот Харков, Олег Синегубов. „Во овој момент повредени се 34 лица. Едно дете почина“, рече тој. Како што пренесуваат украинските медиуми, поради рускиот напад доцна во средата, целосно е уништен влезот на …

Најмалку две лица убиени, а 34 повредени во руски напад врз Харков Read More »

Поддржувач на Трамп им се заканувал со мачета на две приврзанички на Камала Харис


Против 18-годишен приврзаник на Доналд Трамп е покренато обвинение за закана со мачета од 60 сантиметри на две жени, приврзаници на Камала Харис, во Нептун Бич, Флорида, додека тие воделе кампања пред избирачко место, потврди полицијата. Кејлеб Џејмс Вилијамс е обвинет за кривично дело напад врз лице над 65 години и за прекршок за прикажување …

Поддржувач на Трамп им се заканувал со мачета на две приврзанички на Камала Харис Read More »

Роденденска крводарителска акција во Карпош


Во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември, Општина Карпош денеска организира традиционална крводарителска акција. Граѓаните од општина Карпош, но и други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даруваат крв, тоа ќе може да го сторат денеска од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Јан Амос Коменски“ …

Роденденска крводарителска акција во Карпош Read More »

СБ на ОН го повика Израел да ја поништи забраната за работа на УНРВА


Советот за безбедност на ОН во средата го повика Израел да ја поништи одлуката за забрана на агенцијата на Обединетите нации која обезбедува „витални“ услуги за палестинските бегалци со децении. „Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) е рбетот на целиот хуманитарен одговор во Газа“, соопшти Советот …

СБ на ОН го повика Израел да ја поништи забраната за работа на УНРВА Read More »

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница


Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип. Директорот на болницата, Владко Захариев за МИА информира дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ. Тој утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата …

Решен проблемот со струјата во штипска Клиничка болница Read More »

Наградата „Ацо Караманов“ за поетесите Ирена Павлова Де Одорико и Олга Панкина


Македонската поетеса Ирена Павлова Де Одорико и руската Олга Панкина се добитнички на наградата „Ацо Караманов 2024“. Павлова Де Одорико наградата ја доби за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори кои пишуваат на македонски јазик за книгата „Новоженство“, а Панкина интернационалната книжевната награда „Ацо Караманов 2024“ за книгата „Меѓусебна потрага“. Наградите ги …

Наградата „Ацо Караманов“ за поетесите Ирена Павлова Де Одорико и Олга Панкина Read More »

Промоција на стрипот „The Jitters“ од Стефан Николовски


Во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ денеска ќе биде промовиран стрипот „Д Џитерс“ („The Jitters“) од Стефан Николовски, работен според негово сценарио и цртеж. Станува збор за жанровски антолошки стрип во боја, збирка од четири различни приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. Преку наивното вкусување на четири бонбончиња, …

Промоција на стрипот „The Jitters“ од Стефан Николовски Read More »

Весник „Илинден”: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија


Македонскиот весник „Илинден” во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“. -Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го …

Весник „Илинден”: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија Read More »

Милеј ја разреши министерката за надворешни работи поради гласање во ОН против американското ембарго кон Куба


Аргентинскиот ултралиберален претседател Хавиер Милеј ја разреши својота министерка за надворешни работи, Дијана Мондино, откако таа на Генералното собрание на Обединетите нации го осуди трговското ембарго на САД против Куба, соопштија од кабинетот на претседателот. Милеј, кој е на функција од декември, ја разреши Мондино откако таа гласаше за укинување на американското економско ембарго кон …

Милеј ја разреши министерката за надворешни работи поради гласање во ОН против американското ембарго кон Куба Read More »

Завршува есенската потрошувачка кошница, што нѐ очекува утре во маркетите?


Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.  …

Завршува есенската потрошувачка кошница, што нѐ очекува утре во маркетите? Read More »

Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Арачиново. Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Пандо Кљашев“ и дел од ул. „Стрмешево“, Пржино. Додека во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја …

Без струја делови од Кисела Вода и Арачиново Read More »

„Современа скулптура“ изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија


Во Галерија Ко Ра, Дом на култура ,„Кочо Рацин” во Скопје вечер (20:00) ќе биде отворена изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).    Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура. – Уметниците …

„Современа скулптура“ изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија Read More »