Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто


„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа …

Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто Read More »

Приходите на кинескиот производител на електрични возила BYD за прв пат ги  надминаа оние на „Тесла“


Кинескиот производител на електрични возила BYD забележа пораст од 11,5% на нето добивката во третиот квартал во средата, бидејќи одржува силна продажна динамика потпомогната од владините стимулации за трговија. Нето добивката се зголеми на 11,6 милијарди јуани (1,63 милијарди долари) во кварталот јули-септември, соопшти компанијата во поднесувањето на берзата. За првите девет месеци, нето добивката …

Приходите на кинескиот производител на електрични возила BYD за прв пат ги  надминаа оние на „Тесла“ Read More »

Во Германија е донесен закон кој дозволува еднаш годишно да се менува полот и името


Закон за самоопределување стапи во сила од вчера во Германија, а тој им овозможува на граѓаните со давање изјава во канцелариите за матични книги еднаш годишно да го променат името и полот во женско, машко или „различно“, што е опција за трет пол која веќе постои според германскиот закон. Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните …

Во Германија е донесен закон кој дозволува еднаш годишно да се менува полот и името Read More »

Лавров во декември доаѓа во ЕУ, за прв пат од 2022 година


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави во петокот Ведомости, цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Тоа ќе биде прва посета на Лавров на која …

Лавров во декември доаѓа во ЕУ, за прв пат од 2022 година Read More »

Заврши есенската потрошувачка кошница, сега ќе ја чекаме новогодишната, но што до тогаш


Од денеска во маркетите веќе нема да ги има ознаките за ограничени бруто маржи кои овозможија цените на над 70 основни прехранбени производи во изминатиот период да бидат под контрола. Граѓаните стравуваат што на што ќе наидат во маркетите, додека власта смирува и предупредува дека ќе има ригорозни мерки доколку дојде до дивеење на цените. …

Заврши есенската потрошувачка кошница, сега ќе ја чекаме новогодишната, но што до тогаш Read More »

„Мајкрософт“ разочара со прогнозите, акциите потонаа


Американската софтверска компанија „Мајкрософт“ објави квартални деловни резултати кои ги надминаа очекувањата, но прогнозата за побавен раст на услугите во облак во тековниот квартал доведе до пад на цената на акцијата. Продажбите на деловниот сегмент на Azure Cloud се очекува да пораснат за 31-32 проценти во тековниот квартал, по растот со стапка од околу 34 …

„Мајкрософт“ разочара со прогнозите, акциите потонаа Read More »

Ла Лига го критикува Реал поради бојкотот на „Златната топка“


Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, го критикуваше денеска Реал Мадрид поради бојкотирањето на церемонијата за доделување на Златната топка. Актуелниот европски шампион одби да присуствува на гала церемонијата која се одржа во понеделникот вечер во Париз, откако клубот дозна дека главната награда ќе ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити и …

Ла Лига го критикува Реал поради бојкотот на „Златната топка“ Read More »

Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина


Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) денеска го усвои Законот за внатрешна трговија со кој се воведува неработна недела во продавниците. Со оглед на тоа што истиот закон претходно беше усвоен од Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ, тој ќе стапи на сила осум дена по објавувањето во „Службен весник …

Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина Read More »

Еве како работеше ОКТА: Објавени финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година


ОКТА ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година со ЕБИТДА која изнесува 336 милиони денари и добивка пред оданочување од 151 милион денари. Иако извозната продажба се зголеми за 12%, пониските меѓународни цени на нафтата и зголемените оперативни трошоци влијаеја на резултатите. Приходите од продажба достигнаа 34.359 милиони денари, што е …

Еве како работеше ОКТА: Објавени финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година Read More »

Од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора


Од 1.000 до 10.000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Ова го покажа анкетата на Стопанската комора на Северна Македонија, спроведена лани, а со која биле …

Од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора Read More »

Бројот на жртви од поплавите во Шпанија се искачи на 158


Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби. Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија. Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, …

Бројот на жртви од поплавите во Шпанија се искачи на 158 Read More »

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, соопшти денеска Евростат. Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 отсто. Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната …

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто Read More »

Комерцијална банка со извонредни резултати, за девет месеци остварена добивка од 72 милиони евра


Комерцијална банка продолжува со извонредни деловни резултати, остварувајќи рекордна добивка од 72 милиони евра во првите девет месеци од годинава. Како што се посочува во коментарот на неконсолидирани и неревидирани Биланс на успех и Биланс на состојба на Комерцијална банка АД Скопје за периодот 01.01 – 30.09.2024 година банката од своето работење оствари позитивен финансиски …

Комерцијална банка со извонредни резултати, за девет месеци остварена добивка од 72 милиони евра Read More »

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија


Производителот на тутун „Филип Морис“ најави затворање на своите фабрики во Германија поради, како што наведуваат, падот на побарувачката за тутун во Европа. Производството во фабриката за преработка на тутун во Берлин ќе престане во првата половина на 2025 година, додека во Дрезден, каде тутунот за виткање се произведува од 2019 година, производството ќе биде …

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија Read More »

Индустриското производство годинава помало за 4,2 отсто во однос на лани


Индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во …

Индустриското производство годинава помало за 4,2 отсто во однос на лани Read More »

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите


Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени.  Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти. Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити …

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите Read More »

„Алкалоид“ со рекордни консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 12 % и инвестиции од 16,5 милиони евра


Најголемата фармацевтска компанија во земјава, „Алкалоид“ – Скопје ги објави резултатите од работењето во првите девет месеци годинава. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2024 година продажбите достигнуваат 9.997.468.062 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.236.125.924 денари, …

„Алкалоид“ со рекордни консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 12 % и инвестиции од 16,5 милиони евра Read More »

Средба Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните  


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и нејзиниот тим. На средбата беше дискутирано за новиот Единствен регистар на сметки кој се очекува да биде воспоставен согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи. Овој регистар ќе содржи податоци …

Средба Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните   Read More »

Во првите 6 месеци реализирани онлајн трансакции во вредност од 339,8 милиони евра


Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20.899,8 милиони денари или 339,8 …

Во првите 6 месеци реализирани онлајн трансакции во вредност од 339,8 милиони евра Read More »

Македонски Телеком со пораст на приходите од продажба во третиот квартал


Македонски Телеком ги соопшти финансиските резултати во првите девет месеци од 2024 година. Приходите од продажбата остануваат во пораст за 1,4 проценти споредено со истиот период минатата година, како и оперативните приходи коишто пораснаа за 0,9 проценти. Нето добивката е благо намалена за 1 процент, како и оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) …

Македонски Телеком со пораст на приходите од продажба во третиот квартал Read More »