УНРВА: Седум бебиња починаа во Газа од студ бидејќи немале засолниште


Најмалку седум бебиња починаа од студеното време бидејќи немале засолниште во Газа, соопшти Агенцијата за помош на палестинските бегалци при ОН (УНРВА). Според објавата на УНРВА на платформата Икс, до 7.700 новороденчиња во конфликтната зона живеат во несоодветни услови, резултат на судирите меѓу Израел и милитантната група Хамас, пренесува денеска ДПА. Палестинската новинска агенција WAFA …

УНРВА: Седум бебиња починаа во Газа од студ бидејќи немале засолниште Read More »

Од приправник до плата од 15 милиони евра: приказната на Серџио Ермоти


Неговиот работен ден започнува во 5:45 часот наутро, а работното време често се протега и до 14 часа дневно. Не пропушта тренинзи во теретана двапати неделно, одржувајќи ја дисциплината што го донесе на врвот на групата УБС. Серџио Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка УБС, не планира да се пензионира и покрај тоа што наскоро …

Од приправник до плата од 15 милиони евра: приказната на Серџио Ермоти Read More »

Сашо Наумоски: Комората го институционализира гласот на бизнисот


Oдржливоста и развојот на компаниите, новите инвестиции, присуството на нови пазари на нашите компании се дел од темите за кои разговараат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“ од Прилеп и почесен конзул на Украина во Македонија, во следната епизода на подкастот „Бизнис-клуб“. Според него, …

Сашо Наумоски: Комората го институционализира гласот на бизнисот Read More »

Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови


Десетици илјади домови и деловни објекти во Ирска се без струја и вода поради екстремниот студ што ја зафати целата земја, јави ДПА. Ниските температури предизвикаа затворање на училишта, ограничувања во јавниот транспорт и откажување на здравствени услуги. Ирската електродистрибуција (ESB) соопшти дека 41.000 корисници се без електрична енергија и дека може да бидат потребни …

Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови Read More »

Снежните врнежи предизвикаа сообраќаен хаос во Велика Британија и Германија


Обилните снежни врнежи и замрзнат дожд предизвикаа сериозни проблеми со транспортот на многу места во Европа, особено во Велика Британија и Германија. Во северните делови на Англија, на надморска височина над 300 метри, се забележани снежни наноси до 40 сантиметри. Постојат стравувања дека некои населени места би можеле да останат отсечени од остатокот од светот. …

Снежните врнежи предизвикаа сообраќаен хаос во Велика Британија и Германија Read More »

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг, од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ по овој основ


Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години. Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана …

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг, од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ по овој основ Read More »

Глоуб енд Мејл: Канадскиот премиер Трудо се очекува да поднесе оставка од лидерската функција во партијата


Се очекува канадскиот премиер Џастин Трудо да поднесе оставка како лидер на Либералната партија, потенцијално уште денеска, јави весникот „Глоуб енд Мејл“. Според извори од канадскиот весник, Трудо ќе се повлече пред клучниот состанок на владејачката партија кој треба да се одржи в среда. Не е познато ниту дали Трудо ќе се повлече и од …

Глоуб енд Мејл: Канадскиот премиер Трудо се очекува да поднесе оставка од лидерската функција во партијата Read More »

Без вода дел од Студеничани


Поради уличен дефект денеска без вода се корисниците од улиците 1 и 2 во село Студеничани. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека водоснабдувањето е  прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

Прилепчанката Јакелиќ со безгранична љубов за своите и за згрижените деца


За празниците е најрадосна. И за католички, и за православен Божик. И за Нова Година. Прилепчанката Соња Јакелиќ го „светна“ домот. За своите четири деца, за четирите внуци и за двете деца згрижени во нејзиниот дом. А низ годините ги имала барем десетина згрижени. Соња Јакелиќ веќе 20 години згрижува деца без родителска грижа. Досега, …

Прилепчанката Јакелиќ со безгранична љубов за своите и за згрижените деца Read More »

За Бадник студено утро, сончево преку ден


Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност, да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 6 до 12 степени. …

За Бадник студено утро, сончево преку ден Read More »

Северна Кореја изврши балистички ракетен тест за време на посетата на Блинкен на Сеул


Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета која паднала во Јапонското Море, информираат јужнокорејските вооружени сили. Според последните информации, станува збор за ракета со среден дострел. Јапонската крајбрежна стража потврди дека ракетата паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Ова е прв ракетен тест на Северна Кореја по два месеца. Тестот беше спроведен во момент …

Северна Кореја изврши балистички ракетен тест за време на посетата на Блинкен на Сеул Read More »

Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор


Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници кои ги држи во Појасот Газа, како „прв чекор“ од договор за прекин на огнот со Израел. Сепак, израелските власти изјавија дека сè уште не добиле список од палестинското исламистичко движење. Претставник на Хамас изјави дека групата од 34 заложници вклучува „жени, болни лица, деца и постари“ меѓу …

Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор Read More »

Синоќа почувствуван земјотрес


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Скопје и северозападните делови од државата.  Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 23:12 часот со епицентар на 24 километри северозападно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени.

Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“


 Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди. Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар …

Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“ Read More »

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок


Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се …

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок Read More »

Почина фотографката Горанка Матиќ, хроничарот на животот во Србија и Југославија


Влијателната фотографка Горанка Матиќ, присутна на медиумската и уметничката сцена повеќе од четири децении, почина вчера во Белград на 76-годишна возраст по кратко боледување, јави агенцијата ФоНет. Матиќ, родена во Марибор во 1949 година, заврши историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград. Нејзиното име е синоним за хроничарот на животот во Србија и Југославија …

Почина фотографката Горанка Матиќ, хроничарот на животот во Србија и Југославија Read More »

Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му се извинил веднаш по почетокот на војната, бидејќи Русија ја нападнала Украина преку белоруска територија, пренесува „Укринформ“. – Разговарав со Лукашенко на телефон во првите денови од војната и тој се извини. Ми рече: ‘Не бев јас, Путин испалуваше ракети од мојата територија.’ Ова …

Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната Read More »

МААЕ информира за силни експлозии близу нуклеарната централа Запорожје


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ. Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната. – Нема жртви ниту оштетувања на …

МААЕ информира за силни експлозии близу нуклеарната централа Запорожје Read More »

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за …

Православните христијани го слават Бадник Read More »

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации


 Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации. Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар …

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации Read More »