Симон Бајлс прогласена за спортист на годината од „Спортс Илустрејтед“


 Американската гимнастичарка Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка за 2024 година во изборот на магазинот „Спортс Илустрејтед“ („Sports Illustrated“). – Таа го промени лицето на гимнастиката, предизвика големи промени во сите спортови и сето тоа го заврши со неверојатен личен камбек оваа година, напиша „Sports Illustrated“. На Олимпијадата во Париз 2024 година, Бајлс освои …

Симон Бајлс прогласена за спортист на годината од „Спортс Илустрејтед“ Read More »

Во Бугарија значајно поскапе лебот откако се врати ДДВ од 20 проценти


Во Бугарија се бележи значително зголемување на цените на лебот, откако од 1 јануари се врати ДДВ стапката од 20 проценти. – Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување, изјави Марија Кабамитова, сопственичка на мала продавница во Пловдив, …

Во Бугарија значајно поскапе лебот откако се врати ДДВ од 20 проценти Read More »

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес


Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР го забранија за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите Велес, се додека се најде привремено решение. За сообраќај се очекува да се приспособи едната лента на мостот до изградбата на …

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес Read More »

Москва исклучува можност Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН


Москва категорично ја отфрла амбицијата на Германија за постојано место во Советот за безбедност на ОН, сооопшти рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, во интервју емитувано денеска на руската државна телевизија. – Ако Советот се реформира, одредени земји никогаш нема да станат постојани членки, дури и ако тоа го сакаат, рече рускиот дипломат, пренесува ДПА. …

Москва исклучува можност Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН Read More »

Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче


Од водите на Вардар попладнево околу 15 часот во близина на местото на несреќата, пронајдено е телото на четвртото починато лице во сообраќајната несреќа што вчера се случи околу 16 часот, кога патничко возило „ауди“ излета од патот Сарај-Рашче, потврди Министерството за внатрешни работи. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено на судска …

Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче Read More »

Крај на бесплатниот пристап до Терминалот 2 на аеродромот во Софија


Новиот систем за управување со сообраќајот пред Терминал 2 на аеродромот во Софија стапува на сила на 9 јануари, пренесоа бугарските медиуми. Бесплатниот престој за возачите на автомобили ќе биде 10 минути, половина час на аеродром ќе чини 10 лева, а на секои 60 минути ќе се наплаќа 20 лева. Ова го соопшти SOF Connect …

Крај на бесплатниот пристап до Терминалот 2 на аеродромот во Софија Read More »

Во Буџетот има пари за зголемување на пензиите од март, вели Мицкоски


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека над 300 000 пензионери повторно ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари со мартовската пензија, по покачувањето од 2.500 денари во септември лани, со што ќе се заокружи ветувањето на Владата за повисоки пензии за 5.000 денари. Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски повтори дека во новиот …

Во Буџетот има пари за зголемување на пензиите од март, вели Мицкоски Read More »

Трамп ја повика Британија да ги демонтира турбините на ветер во Северното Море


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја повика Велика Британија да ги демонтира своите турбини на ветер во Северното Море како одговор на одлуката на американска нафтена компанија да го напушти регионот богат со нафта. – Велика Британија прави многу голема грешка. Отворете го Северното Море. Ослободете се од ветерниците, напиша Трамп на својата платформа, …

Трамп ја повика Британија да ги демонтира турбините на ветер во Северното Море Read More »

Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари


Дополнителните приходи од царината при увоз на патнички моторни возила во изминатите шест месеци се поголеми за близу 119 милиони денари во однос на истиот период во 2023-та, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила е поголема за над 482 милиона денари, рече денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски. Како …

Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари Read More »

Царината открила организиран криминал со половни возила, запленети 35 автомобили, поднесени 24 кривични пријави


Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила. Возилата на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во земјава без да се платат увозни давачки. Како што соопшти …

Царината открила организиран криминал со половни возила, запленети 35 автомобили, поднесени 24 кривични пријави Read More »

Во сила стапија нови правила на ЕУ за родова рамнотежа во управните одбори на компаниите


 Во сила стапи новата Директива на ЕУ за родова рамнотежа на управните одбори, чија цел е да обезбеди порамномерна полова застапеност во раководните тела на компаниите во сите земји членки на Унијата, соопшти денеска Европската комисија.  Согласно Директивата, сите компании во ЕУ кои котираат на берзите мора да имаат најмалку 40 отсто припадници на „недоволно …

Во сила стапија нови правила на ЕУ за родова рамнотежа во управните одбори на компаниите Read More »

Мицкоски ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека на дневна основа се следат случувањата со цените во маркетите и дека институциите жестоко ќе реагираат доколку повторно има, како што ги нарече, „несакани појави“. Тој ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи.  „Моравме да интервенираме и да покажее колку сме сериозни …

Мицкоски ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи Read More »

Околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите


Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна. Станува збор за базата на податоци со имињата на лица кои по Војната биле под истрага за соработка со германските окупатори и …

Околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите Read More »

ФАО: Во декември цените на храната се намалија, најмногу поевтинил шеќерот


Цените на храната благо се намалија во декември 2024 година, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житарките, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на ФАО за кошничката основни прехранбени производи во декември во просек изнесуваше 127 поени и беше за 0,5 отсто понизок од ноември, …

ФАО: Во декември цените на храната се намалија, најмногу поевтинил шеќерот Read More »

Новиот најбрз воз во светот: Погледнете како изгледа внатрешноста на ЦР450 кој ќе вози со 450 километри на час


Кина во последната деценија стана неприкосновен светски лидер во развојот на железницата, градејќи илјадници километри нови железници кои стигнуваат до речиси секој агол на земјата, а наскоро ќе пристигне и новиот најбрз воз… Прототипот на брз воз наречен CR450, претставен во Пекинг на 29 декември, достигна брзина од 450 километри на час, што значи дека …

Новиот најбрз воз во светот: Погледнете како изгледа внатрешноста на ЦР450 кој ќе вози со 450 километри на час Read More »

Вучиќ разговараше со Американците за санкциите против НИС: Немам добри вести…


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа по разговорот со американскиот потсекретар за економски раст, енергија и животна средина, Хозе Фернандез, изјави дека нема добри вести за граѓаните, туку дека Србија ќе ја зачува стабилноста и енергијата на безбедноста. . Вучиќ на својот Инстаграм профил „budućnostsrbijeav“ изјави дека посебна тема на разговор биле санкциите, но дека …

Вучиќ разговараше со Американците за санкциите против НИС: Немам добри вести… Read More »

Бајден одлучи да го блокира купувањето на „Ју-Ес стил“ од 15 милијарди долари од страна на „Нипон стил“


Понудата за преземање на „Ју-Ес стил“ (US Steel) од 14,9 милијарди долари, објави во петокот The Washington Post, цитирајќи двајца неименувани претставници на администрацијата кои не биле овластени да зборуваат за ова прашање. Се очекува Белата куќа да ја соопшти одлуката на Бајден во петок, пишува The Washington Post. Одлуката за тоа дали да се …

Бајден одлучи да го блокира купувањето на „Ју-Ес стил“ од 15 милијарди долари од страна на „Нипон стил“ Read More »

Цукерберг назначи поранешен функционер на Републиканската партија за претседател за глобални прашања во „Мета“


Сопственикот на „Фејсбук“, компанијата „Мета“, го заменува претседателот за глобални прашања Ник Клег со Џоел Каплан, актуелен потпретседател за политика на компанијата и поранешен вработен во Републиканската партија. Потресот доаѓа три недели пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и е најнов знак за тоа како технолошките компании се позиционираат за новата администрација во Вашингтон. …

Цукерберг назначи поранешен функционер на Републиканската партија за претседател за глобални прашања во „Мета“ Read More »

Мизо: Потребни се квалитетни инвестиции, а за тоа треба државата да инвестира во напредно образование


Една милијарда евра директни странски инвестиции до крајот на изминатата година се остварливи, смета првиот човек на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо. Во изјава за МИА, тој вели дека е потребно да се стремиме кон поголем квалитет кај идните инвеститори, за што државата треба да инвестира во соодветно образование и постојано да ја унапредува …

Мизо: Потребни се квалитетни инвестиции, а за тоа треба државата да инвестира во напредно образование Read More »

Ова се најдобрите градови за инвестирање во недвижности: Еден град од регионот е високо рангиран


Подгорица беше рангирана на третото место на листата на седум најдобри европски градови за инвестирање во недвижности во 2025 година, според истражувањето на Global Property Guide. Ова може да се припише на постојаното зголемување на цените за изнајмување на недвижности во главниот град на Црна Гора, каде месечната кирија за гарсоњера, според проценките, не може …

Ова се најдобрите градови за инвестирање во недвижности: Еден град од регионот е високо рангиран Read More »