М-НАВ и Албконтрол ќе ја подобрат размената на радарски податоци


Контролите на летање на Северна Македонија и Албанија работат на јакнење на соработката со цел зголемување на безбедноста на авиосообраќајот. Посебен фокус е подигнување на размената на радарски податоци на повисоко ниво, како дел од регионалните напори за оптимализација на оперативната функционалност на податоците, соопштија од МНАВ по средбата на директорите на воздухопловна техника на …

М-НАВ и Албконтрол ќе ја подобрат размената на радарски податоци Read More »

Во пресрет на Велигден: ТАВ Македонија донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден


Единаесетта година по ред, ТАВ Македонија учествува во хуманитарната акција „Подај рака” со која заедно со општина Илинден помага на луѓето кои живеат во околината на скопскиот аеродром  Како дел од хуманитарната иницијатива „Подај рака“, а во пресрет на големиот христијански празник Велигден, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска, 17-ти април, донира пакети со …

Во пресрет на Велигден: ТАВ Македонија донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден Read More »

Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата


„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал“, е главната порака на Царинска управа упатена до граѓаните преку кампањата „Стоп за корупција“. Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25 април на граничните премини …

Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата Read More »

Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори: Обезбедуваме стабилност, предвидливост и партнерски однос


Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна политика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја пратила министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. Политиките коишто ги спроведуваме, …

Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори: Обезбедуваме стабилност, предвидливост и партнерски однос Read More »

Папата Франциско нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан


Велигденските богослужби во Ватикан ќе ги предводат неколку кардинали, а папата Франциск, кој се опоравува од болест, нема да учествува на мисите, соопшти прес-службата на Светата столица. Литургијата на Велигденското бдение во базиликата Свети Петар на Велика Сабота, 19 април 2025 година, како што се наведува, ќе ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, по инструкции …

Папата Франциско нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан Read More »

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе има слетувања и полетувања од три одделни писти


Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе се одвиваат слетувања и полетувања од три одделни писти, благодарение на воведувањето на специјален систем за управување со воздушниот сообраќај, изјави синоќа турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. „Благодарение на новиот систем, до три авиони ќе можат да слетаат или полетуваат …

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе има слетувања и полетувања од три одделни писти Read More »

Остар пад на Волстрит по предупредувањето на „Нвидиа“


На Волстрит цените на акциите остро паднаа, по предупредувањето на „Нвидиа“ за огромните трошоци од трговската војна и пораката на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, дека економскиот раст забавува. Индексот Дау Џонс се лизна за 1,73 отсто, на 39.669 поени, додека С&П 500 потона за 2,24 отсто, на 5.275 поени, а индексот Насдак за 3,07 …

Остар пад на Волстрит по предупредувањето на „Нвидиа“ Read More »

Рубио и Виткоф ќе се сретнат со европски претставници во Париз на разговори за прекин на војната во Украина


Американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф денеска во Париз ќе се сретнат со европски претставници за да разговараат за напорите за запирање на војната во Украина. На состаноците ќе учествуваат и францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, што ја прави средбата на …

Рубио и Виткоф ќе се сретнат со европски претставници во Париз на разговори за прекин на војната во Украина Read More »

Далас го победи Сакраменто во НБА плејин


Далас маверикс рано утрово на гостински терен го победи Сакраменто кингс во плејин мечот во НБА-лигата со 120:106. Ниту 33-те поени на Демар Дерозан не ги спаси „Кралевите“ од пораз. Во победничкиот тим најефикасен беше Ентони Дејвис со 27 поени. Во второто коло од плеј-инот Далас ќе игра против Мемфис за пласман во плејофот. Претходно …

Далас го победи Сакраменто во НБА плејин Read More »

Јапонскиот премиер вели дека Токио и Вашингтон имаат различни мислења за царините


Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска изјави дека билатералните преговори со САД нема да бидат лесни, а во исто време ја објави својата намера да отпатува во Вашингтон и да има директни разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за прашањето за царините, пренесе јапонска новинска агенција. Делегација предводена од јапонскиот министер за економска и фискална политика …

Јапонскиот премиер вели дека Токио и Вашингтон имаат различни мислења за царините Read More »

Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија, пренесоа светските агенции, наведувајќи дека шефот на државата синоќа направил изненадувачки потег со тоа што лично се вклучил во разговорите со јапонската делегација во Вашингтон за прашањето за дополнителни царини за јапонски стоки за САД. „Голема чест за мене – …

Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија Read More »

Израелскиот премиер нареди „продолжување на напорите“ за ослободување на заложниците во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на израелскиот тим преговарачи за примирје во Газа да „продолжат со напорите“ за да обезбедат гаранции дека ќе бидат ослободени заложниците кои се уште ги држи радикалната палестинска група Хамас во енклавата, соопштија од кабинетот на премиерот. -Бенјамин Нетанјаху вечерва имаше средба за заложничката проблематика со преговарачкиот тим и …

Израелскиот премиер нареди „продолжување на напорите“ за ослободување на заложниците во Газа Read More »

Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите


Русија веќе 36 дена го игнорира американскиот предлог за прекин на воздушните, морските и копнените напади, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето традиционално вечерно обраќање до нацијата, пренесоа украинските медиуми. -Пред 36 дена, САД предложија целосен и безусловен прекин на воздушните, морските и копнените напади. Украина го прифати тој предлог веднаш – пред …

Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите Read More »

Русија повторно нападна град во Украина, има мртви и повредени, меѓу нив и деца


Најмалку две лица загинаа, а 28 се повредени во вчерашниот масовен напад со руски дронови врз украинскиот град Днепар, објавија украинските медиуми.  Меѓу повредените има четири деца. Шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергиј Лисак, на апликацијата Телеграм информираше дека две жени починале, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе. Украинските медиуми јавуваат дека …

Русија повторно нападна град во Украина, има мртви и повредени, меѓу нив и деца Read More »

Повик на ИФФК „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. фестивалско издание


Од денеска до 27 јуни е отворен повикот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. издание на фестивалот што се одржува во Битола. Пријавувањето е на: https://filmfreeway.com/ManakiBrothers  – Дајте и можност на својата креативност да заблеска и пријавете го вашиот филм од 17 април до 27 јуни. ИФФК „Браќа Манаки“ …

Повик на ИФФК „Браќа Манаки“ за пријавување филмови за 46. фестивалско издание Read More »

Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Чаир, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер Сандево, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од од селото Сарај ул.„4“ – пат за селото Љубин кај кафе „Лозана“ во …

Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода Read More »

Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања


Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на …

Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања Read More »

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение


Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца. – Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици …

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение Read More »

„Њујорк Тајмс“: Трамп го запре планираниот израелски напад врз иранските нуклеарни објекти


 Американскиот претседател Доналд Трамп го запре планираниот израелски напад врз нуклеарните објекти во Иран, пишува американскиот весник. „Њујорк тајмс“. Според информациите на изданието, шефот на американската држава дејствувал на сметка на преговорите за договор со Техеран за ограничување на иранската нуклеарна програма. „Њујорк тајмс“ се повикува на претставници на американската влада. 

Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта


 Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Според прогнозата на УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме …

Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта Read More »