Канада никогаш нема да биде на продажба: Канадскиот премиер Карни ја отфрла идејата на Трамп


Канадскиот премиер Марк Карни ја посети Белата куќа во вторникот на своите први разговори со Доналд Трамп и отворено му рече на американскиот претседател дека Канада никогаш нема да биде на продажба. Карни победи на изборите на 28 април со ветување дека ќе му се спротивстави на Трамп, кој воведе царини за некои канадски производи …

Канада никогаш нема да биде на продажба: Канадскиот премиер Карни ја отфрла идејата на Трамп Read More »

Трговскиот дефицит на САД на највисоко ниво во последните повеќе од 30 години


Трговскиот дефицит на САД скокна во март на највисоко ниво откако Министерството за трговија почна да објавува податоци, што е одраз на порастот на увозот, бидејќи компаниите се обидуваат да ги надминат трошоците за новите царини. Увозот на стоки и услуги во САД се зголеми за 4,4 проценти во март во споредба со февруари и …

Трговскиот дефицит на САД на највисоко ниво во последните повеќе од 30 години Read More »

Кој е кој во новата германска влада предводена од канцеларот Мерц


 Германија денеска доби нова влада предводена од канцеларот Фридрих Мерц, откако претседателот Франк-Валтер Штајнмајер ги именуваше 17-те министри на земјата, јави ДПА. Штајнмајер им додели сертификати за именување на министрите во палатата Белви, неговата официјална резиденција. Новата администрација, коалиција меѓу Христијанските демократи (ЦДУ) на Мерц, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и центро-левичарските Социјалдемократи (СПД), стапи на функција …

Кој е кој во новата германска влада предводена од канцеларот Мерц Read More »

На воената парада во Москва ќе присуствуваат 29 странски лидери


На воената парада на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија се очекува да присуствуваат 29 странски лидери, воени претставници од Кина и претставници од уште 12 држави, изјави денеска советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека е предвидено рускиот претседател Владимир Путин да има …

На воената парада во Москва ќе присуствуваат 29 странски лидери Read More »

Владата на Шпанија предлага општо намалување на работната недела на 37,5 часа


Владата на Шпанија денеска го утврди предлог-законот за општо намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа. Околу 12,5 милиони работници во приватниот сектор со полно и скратено работно време во приватниот сектор ќе имаат корист од намалувањето, за кое Министерството за труд очекува да се зголеми продуктивноста и да се намалат отсуствата од …

Владата на Шпанија предлага општо намалување на работната недела на 37,5 часа Read More »

Европската комисија има за цел да го забрани целиот увоз на руски гас до крајот на 2027 година


Европската комисија денеска ги откри плановите за запирање на целиот увоз на руски гас во Европската Унија до крајот на 2027 година, во обид да се стави крај на енергетската зависност на блокот од Москва. Забраната за нови договори и краткорочни испораки, треба да стапи на сила до крајот на 2025 година. Постојните долгорочни договори …

Европската комисија има за цел да го забрани целиот увоз на руски гас до крајот на 2027 година Read More »

Поевтини половни автомобили пристигнуваат во регионот: ЕУ најави драстични мерки за дизелашите постари од 10 години


Европската Унија воведува нови технички прописи со кои ќе се отстранат постарите автомобили од патиштата, а ова најмногу се однесува на дизел возила без DPF филтри. Имено, ЕУ најави драстични мерки кои директно ги таргетираат автомобилите постари од 10 години, особено дизелите. Европската Унија ја оправдува оваа иницијатива со потребата од намалување на сообраќајните несреќи …

Поевтини половни автомобили пристигнуваат во регионот: ЕУ најави драстични мерки за дизелашите постари од 10 години Read More »

Мерц попладнево ќе бара втора шанса да стане канцелар


 Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц е подготвен да се кандидира за канцелар во вториот круг гласање подоцна денеска откако не успеа да го добие потребното апсолутно мнозинство во парламентот во првиот круг, дознава ДПА од партиски извори. Мерц претрпе пораз претходно денеска кога стана првиот кандидат за канцелар кој не е избран од пратениците во …

Мерц попладнево ќе бара втора шанса да стане канцелар Read More »

Цените на нафтата пораснаа во просек за над 1,3 долари


Цените на нафтата утрово пораснаа во просек за над 1,3 долари поради желбата на голем број инвеститори да профитираат од релативно ниските цени на црното злато. Вчера падна за повеќе од два долари за барел откако организацијата ОПЕК+ објави дека дополнително ќе го зголеми производството на нафта. Фјучерсите за суровата нафта од Северното Море од …

Цените на нафтата пораснаа во просек за над 1,3 долари Read More »

Економијата на еврозоната забави во април, услугите на работ на стагнација


Економијата на еврозоната продолжи да се зголемува во април, но со побавно темпо, бидејќи побарувачката ослабе, а доминантниот сектор на услуги речиси стагнираше, што укажува дека закрепнувањето на регионот останува кревко, покажа истражување. Композитниот индекс PMI за производство HCOB на еврозоната, составен од S&P Global, падна на 50,4 од 50,9 во март. Тоа е малку …

Економијата на еврозоната забави во април, услугите на работ на стагнација Read More »

Погледнете го моментот кога Мерц сфати дека не е избран за канцелар


Кандидатот на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај. Во првиот круг, 310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц, што значи дека најмалку 18 пратеници од ЦДУ/ЦСУ …

Погледнете го моментот кога Мерц сфати дека не е избран за канцелар Read More »

Угостителските услуги во март поскапале за 4,4 проценти на годишно ниво


Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Анализирано по групи, цените во угостителството, во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за …

Угостителските услуги во март поскапале за 4,4 проценти на годишно ниво Read More »

Македонското дерби Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа


 Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги рангираше пресметките меѓу македонските ракометни ривали Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во Топ 5 дербија во Европа. Според Медија тимот на ЕХФ, македонското ракометно дерби е петто најголемо на Стариот континет. Првото место на ранг-листата е резервирано за пресметките меѓу Барселона и Кил, по што следува полското дерби меѓу Киелце …

Македонското дерби Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа Read More »

Либерализација на пазарот, паметни броила… Што носи новиот закон за енергетика за граѓаните


Предлог-законот за енергетика, како едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ, го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии за економски прашања, труд и енергетска политика и законодавно правната комисија. Во фазата на второто читање остана разгледување на текстот на Дополнетиот предлог на закон за енергетика на седница на Собрание, на која …

Либерализација на пазарот, паметни броила… Што носи новиот закон за енергетика за граѓаните Read More »

ЕУ чека САД да покажат подготвеност за фер и балансирано решение за царините


Европската Унија јасно стави до знаење дека е подготвена да разговараа со САД за изнаоѓање заемно корисни решенија за трговските односи, со почитување на европските интереси и регулаторна автономија, но останува на Вашингтон да покаже подготвеност за постигнување фер и балансирано решение, изјави еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович во обраќањето на дебата …

ЕУ чека САД да покажат подготвеност за фер и балансирано решение за царините Read More »

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка” за Македонија


Изградбата на брза пруга на Коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка” на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.   Во интервју за Радио Лидер, Николоски рече дека со новата пруга во патничкиот сообраќај брзината ќе биде од 160 до 200 километри на час, а во …

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка” за Македонија Read More »

Средба на Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек, договорено интензивирање на соработката


Интензивна соработка помеѓу двете министерства во областа на даночната политика и борбата со финансискиот криминал е договорена на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек, на која присуствуваа и директорите на УЈП Елена Петрова и на Управата за финансиска полиција  Слободан Ивановски, соопшти денеска Министерството за …

Средба на Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек, договорено интензивирање на соработката Read More »

Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за фентанилот


Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за серија статии што ја разоткриваат меѓународната трговија со хемикалии што се користат за производство на фентанил, дрогата што е во центарот на кризата што досега одзеде животи на околу 450.000 Американци. „Њујорк тајмс“ освои четири Пулицерови награди, додека „Њујоркер“ доби три награди за известување за клучни …

Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за фентанилот Read More »

НБА: Денвер поведе, чудесна игра на Јокиќ


Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија од плејофот во Западната конференција, откако на гостински терен ги победија Оклахома Сити Тандер со 121:119 со тројката на Арон Гордон четири секунди пред крајот на натпреварот. Првиот тим што ќе стигне до четири победи ќе оди во финалето на конференцијата. Шаи Гилџус-Александар (ОКС) и …

НБА: Денвер поведе, чудесна игра на Јокиќ Read More »

Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани


Во април годинава цените на производите во супермаркетите во Грција, минимално се зголемиле споредбено со истиот период во 2024 година, зголемување од само 0,23 отсто, согласно податоците од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од истражувањето што било спроведено во големи супермаркети, произлегло дека …

Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани Read More »