Македонскиот тим – вицешампиони на финалето на Европскиот квиз за пари за 2025 година


Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА). Финалето се одржа на 23-ти мај …

Македонскиот тим – вицешампиони на финалето на Европскиот квиз за пари за 2025 година Read More »

Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем, инвестицијата е 1,3 милијарди евра


  Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот план за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата, дел како заеми, дел приватни инвестиции и тоа како што нагласи чисто пазарно ориентирани инвестирања. Притоа тој се осврна на стратешкиот проект изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, наведувајќи три главни аспекти за потребата …

Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем, инвестицијата е 1,3 милијарди евра Read More »

ЕК утврди дека Шејн го крши Законот за потрошувачи на ЕУ


Европската комисија денеска соопшти дека го известила сајтот за е-трговија на мало Шејн дека е утврдено оти голем број негови практики се во спротивност на Законот за потрошувачи на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, кршењето на законската регулатива на ЕУ е утврдена во заедничка истрага на Европската комисија, Мрежата за соработка …

ЕК утврди дека Шејн го крши Законот за потрошувачи на ЕУ Read More »

На Германија ѝ недостасуваат дури 560.000 работници во обновливата енергија


Германија има амбициозни климатски цели – да постигне јаглеродна неутралност до 2045 година, па дури и негативни емисии по 2050 година. Но, голем предизвик стои на патот кон позелена иднина: недостаток на квалификувани работници. Со буџет од 500 милијарди евра за инфраструктурни планови, од кои 100 милијарди евра се наменети за Фондот за клима и …

На Германија ѝ недостасуваат дури 560.000 работници во обновливата енергија Read More »

„Виталиа“ ја претстави својата визија за здрава иднина на China-CEEC Expo 2025 во Нингбо, Кина


Македонската компанија за здрава храна, „Виталиа“, го претстави својот бренд и иновативните производи на четвртото издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair, што се одржа од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Овој престижен саем, организиран од кинеското Министерство за трговија и партнери од ЦИЕ регионот, претставува платформа за унапредување …

„Виталиа“ ја претстави својата визија за здрава иднина на China-CEEC Expo 2025 во Нингбо, Кина Read More »

Прв официјален состанок ИСОС – IFAC: Клучен чекор во процесот на меѓународно интегрирање


Официјални претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC – International Federation of Accountants) и членови на раководниот тим на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го одржаа првиот работен состанок посветен на дефинирање на чекорите и активностите кои треба да се исполнат во процесот на зачленување во оваа реномирана меѓународна професионална организација. Нагласувајќи го …

Прв официјален состанок ИСОС – IFAC: Клучен чекор во процесот на меѓународно интегрирање Read More »

Овие брендови значително ќе поскапат поради царините на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе широк пакет царини за увезената стока, вклучувајќи основна царина од 10 проценти за повеќето производи и царина од 30 проценти за кинеските производи. Некои артикли, како челик и алуминиум, имаат уште повисоки царински стапки. Последиците се веќе видливи – сè повеќе големи компании предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат …

Овие брендови значително ќе поскапат поради царините на Трамп Read More »

Хокеарите на САД го освоија мундијалскиот трофеј прв пат од 1960 година


Селекцијата на САД синоќа во Стокхолм ја победи Швајцарија со 1:0 во финалето на Светското првенство во хокеј на мраз. Стрелец на единствениот гол беше американскиот напаѓач Тејџ Томпсон во третата минута од продолжението, откако по основните 60 минути немаше победник ниту постигнат гол. Репрезентацијата на САД го освои Светското првенство во хокеј по трет …

Хокеарите на САД го освоија мундијалскиот трофеј прв пат од 1960 година Read More »

Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули


Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за постигнување трговски договор со Европската Унија до 9 јули. Трамп во петокот изрази незадоволство од текот на разговорите и се закани со 50-процентни царини на увозот од ЕУ почнувајќи од 1 јуни. Но, синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната …

Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули Read More »

Гласен молк на денешниот Марш на ангелите во Кочани


Маршот на ангелите, протесна поворка на семејствата на настраданите во големата трагедија што се случи на 16 март годинава, денеска помина во молк, но таквиот молк одекнуваше силно по кочанските улици. „Молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но, нема да трае долго како вашето судење“, беше една од пораките на родителите  на жртвите во …

Гласен молк на денешниот Марш на ангелите во Кочани Read More »

Златна палма за филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Панахи


 Филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Џафар Панахи е добитник на Златната палма на 78-от Кански филмски фестивал.  Филмот е трилер за група поранешни затвореници во Иран кои успеваат да го киднапираат чуварот наводно одговорен за нивно мачење во затвор. Тој претходно ги освои главните награди на Филмскиот фестивал во Венеција и на …

Златна палма за филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Панахи Read More »

Борис Џонсон (60) доби деветто дете


Поранешниот премиер на Обединетото Кралство, Борис Џонсон (60), тајно доби дете со сопругата Кери (37). Кери ја сподели веста на Инстаграм за раѓањето на нејзината ќерка, која го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон. Девојчето е родено на 21 мај. „Не можам да верувам колку си убава и ситна. Се чувствувам неверојатно среќна. Сите сме …

Борис Џонсон (60) доби деветто дете Read More »

Маск го коментираше падот на Икс


Социјалната мрежа Икс (X, порано Твитер) е повторно во центарот на вниманието на јавноста откако се урна глобално денес попладне, оставајќи десетици илјади корисници без пристап до платформата. Услугата беше недостапна околу два часа, а корисниците пријавуваа проблеми со вчитувањето на резимеата на објавите и испраќањето приватни пораки. Сервисот за следење на прекините на интернет …

Маск го коментираше падот на Икс Read More »

„Дојде моментот што не го сакав“: Последниот говор на Модриќ на „Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид


Лука Модриќ (39) денес го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Капитенот на Реал ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона кога ќе му истече договорот, а се збогуваше со навивачите на Реал откако го напушти натпреварот во 87-та минута со овации од целиот стадион. Модриќ го напушти натпреварот …

„Дојде моментот што не го сакав“: Последниот говор на Модриќ на „Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид Read More »

Со „Македонисимо“ на Симон Трпчевски, во Рим одбележан Денот на сесловенските просветители


Со концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчевски вечерва во Рим, во рамки на културната програма на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ беше одбележан Денот на сесловенските просветители. На концертот, јави известувачот на МИА, присуствуваше македонската државно-црковна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која од вчера е во Рим и Ватикан, по повод чествувањето …

Со „Македонисимо“ на Симон Трпчевски, во Рим одбележан Денот на сесловенските просветители Read More »

Продолжува падот на бројот на население во Албанија


Во првиот квартал од годинава забележан е пад на населението во Албанија за 883 лица, бидејќи забележани се повеќе смртни случаи отколку родени, соопшти албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според податоците на ИНСТАТ, бројот на новородени бележи значително намалување од 14,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во регионот на Тирана и натаму …

Продолжува падот на бројот на население во Албанија Read More »

Во Франција разбиена меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога


Француската полиција разби меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога и уапси осум лица. Во голема полициска операција во францускиот департмент Вар и во Белгија откриена е меѓународна криминална група која произведувала и тргувала со синтетичка дрога и перела пари. Пролетта 2024 година во луксузна вила во Вар биле произведени 400 килограми метамфетамин. За производството …

Во Франција разбиена меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога Read More »

ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина


И покрај бавниот напредок на фронтот и големите загуби, претседателот на Русија, Владимир Путин е цврсто уверен дека ќе победи во војната во Украина, се наведува во најновиот извештај на американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА). Според ДИА, Кремљ продолжува со стратегијата на исцрпување, чија цел е да го ослабне украинскиот отпор, да го деморализира населението …

ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина Read More »

Магичниот Новак по пресврт до јубилејната 100-та титула во кариерата (видео)


Новак Ѓоковиќ стигна до својата прва титула на турнирот во Женева и јубилејна 100-та во кариерата по голема борба и пресврт против шестиот носител, Хуберт Хуркач. Тој славеше со резултат 5:7, 7:6 (7:2), 7:6 (7:2) по три часа и пет минути поминати на теренот, по што ја забележа својата осма победа над Полјакот во исто …

Магичниот Новак по пресврт до јубилејната 100-та титула во кариерата (видео) Read More »