Суша во Истанбул: во јули само еден дождовен ден, браните под 50 отсто од капацитетите


Во јули, во Истанбул е забележан само еден дождовен ден – што е за 71 проценти помалку врнежи во споредба со истиот месец минатата година, а поради сушата нивото на браните што го снабдуваат градот со вода падна под 50 проценти, јави ТРТ Хабер. Според извештај на турското Министерство за животна средина, урбанизам и климатски …

Суша во Истанбул: во јули само еден дождовен ден, браните под 50 отсто од капацитетите Read More »

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш


Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал. „Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината …

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш Read More »

Чет ГПТ му кажал на Американец дека солта може да ја замени со бром. Послушал и се отрул


Американско медицинско списание ги предупреди читателите да не го користат Чет ГПТ (ChatGPT) за здравствени информации откако еден човек развил ретка состојба по комуникацијата со чатбот за елиминирање на кујнската сол од неговата исхрана, објавува Гардијан. Во статијата во списанието „Анали на интерна медицина“ се известува за случај во кој 60-годишен маж развил бромизам, познат …

Чет ГПТ му кажал на Американец дека солта може да ја замени со бром. Послушал и се отрул Read More »

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период


Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува …

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период Read More »

Доналд Трамп избра економист од „Херитиџ“ да раководи со Бирото за статистика на трудот на САД


Доналд Трамп избра лојален човек од десничарската Фондација „Херитиџ“ да раководи со Бирото за статистика на трудот, откако ја отпушти поранешнната комесарка поради неповолен  извештај за вработување за кој тврдеше дека е „наместен“. Во објава на „Трут Сошнал“ во понеделник вечерта, Трамп рече дека го номинира „високо почитуваниот економист“ Е. Џ. Антони за претседател на …

Доналд Трамп избра економист од „Херитиџ“ да раководи со Бирото за статистика на трудот на САД Read More »

Во Црна Гора загина војник откако се преврте цистерна за вода во мисија за гаснење пожари


Еден припадник на црногорската армија загина кога воена цистерна за вода се превртела на патот кон Купушќи, дознава порталот CdM. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора. Несреќата се случила околу 13 часот. „Еден припадник на црногорската армија загина, а друг се здобил со тешки повреди за време на …

Во Црна Гора загина војник откако се преврте цистерна за вода во мисија за гаснење пожари Read More »

Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични


Албанскиот  министерот за одбрана Пиро Венгу  изјави дека денеска има 30 активни пожари низ целата земја, од нив пет се најкритични. За медиумите подвлече дека продолжува максималната ангажираност за гаснење на пожарите од земја и воздух и изрази благодарност до земјите кои се одѕвале за помош. -Покрај противпожарни единици, армиски и полициски сили, доброволци, во …

Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични Read More »

УЈП со засилени активности за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор


Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започнала со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. -Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на …

УЈП со засилени активности за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор Read More »

„Пари“: Две третини од компаниите што котираат на Берза се со помала добивка од лани или се во загуба


Што се случува зад затворените врати во македонските компании? Дали македонскиот бизнис тешко ги задржува пyлсот од минатата година и нагорните трендови во финансиските биланси? Првата половина од оваа година очигледно е потешка од претходната, па затоа бројките кај компаниите почнуваат да светкаат црвено, пишува порталот „Пари“. Сликата што ја даваат финансиските извештаи на котираните …

„Пари“: Две третини од компаниите што котираат на Берза се со помала добивка од лани или се во загуба Read More »

Сабаленка постави рекорд во Опен ерата за најмногу освоени тај-брејкови во една сезона


Светскиот број 1, Арина Сабаленка, ја победи Британката Ема Радукану и се пласираше во четвртото коло на Мастерс 1.000 во Синсинати, САД. Во мечот против Радукану, белоруската тенисерка освои два тај-брејка – 7:6 (7:3), 4:6, 7:6 (7:5). Во сезоната 2025, Сабаленка освои 18 тај-брејка, што е рекорд во Опен Ера за женската турнеја. А нејзината …

Сабаленка постави рекорд во Опен ерата за најмногу освоени тај-брејкови во една сезона Read More »

Онколошка амбулантска терапија наскоро во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“


Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека онколошките амбулантски терапии веќе се дисперзирани и наскоро ќе се почне со нивна примена во Тетово, во Битола, Штип и во ГОБ „8 Септември“. -Прво почнавме во овие центри затоа што таму имаме онколози, професионалци, кои соработуваат и работат заедно со експертите од Клиничкиот центар, и еднаш …

Онколошка амбулантска терапија наскоро во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“ Read More »

МЕМО издаде 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи …

МЕМО издаде 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија Read More »

Битиќи: Цените растат бидејќи Владата толерира монополски структури и шпекулативни маржи


  Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска на прес-конференција во партиското седиште ја обвини Владата дека нема стратегија за економска стабилност, како и дека растот на цените е резултат на толерирањето монополски структури и шпекулативни маржи, а не поради тоа што што граѓаните заработувале повеќе. „Цените во Македонија не растат затоа што граѓаните …

Битиќи: Цените растат бидејќи Владата толерира монополски структури и шпекулативни маржи Read More »

Целосно е реновирана Клиниката за урологија, подостојни услови за пациентите и за вработените


Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите. На настанот присуствуваа директорот на Клиниката, хирург – урологот и научен соработник д-р Башким Шабани, претседателот на Владата, Христијан …

Целосно е реновирана Клиниката за урологија, подостојни услови за пациентите и за вработените Read More »

Мицкоски би платил политичка цена за мерки против скапотијата


  Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ …

Мицкоски би платил политичка цена за мерки против скапотијата Read More »

Објавен е оглас за субвенционирање инвертор клима уреди за социјално ранливи граѓани


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави јавни огласи за поддршка, за купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и енергетска класа од најмалку А+, и за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои …

Објавен е оглас за субвенционирање инвертор клима уреди за социјално ранливи граѓани Read More »

Европол разби меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица


Десет членови на меѓународно активна албанска криминална мрежа вклучена во трговија со кокаин во големи размери и перење пари се уапсени во серија координирани рации во Албанија, објави Европол. Операцијата, спроведена на 7 и 8 август, беше координирана од страна на албанските сили за спроведување на законот и партнери од Белгија, Франција, Германија, Италија и …

Европол разби меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица Read More »

За еден месец бројот на евидентирани невработени лица зголемен за речиси 2.800


Центрите за вработување во Град Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп предничат според бројот на активни баратели на работа – односно лица со статус на невработени. Конечните полугодишни податоци за бројот на невработени на ниво на државата покажуваат тренд на пораст и во однос на мај годинава и во однос на истиот месец лани. Според …

За еден месец бројот на евидентирани невработени лица зголемен за речиси 2.800 Read More »

Маск најави тужба против Епл


Сопственикот на СпејсИкс, Тесла и „X“, Илон Маск, потврди дека планира да ја тужи Епл затоа што не ги вклучил „X“ и четботот „Грок“ меѓу најпрепорачаните апликации во „Aп стор“. -Еј „Епл Ап стор“, зошто одбивате да го ставите „X“ или „Грок“ во вашиот дел „Задолжително“ кога „X“ е апликација за вести број еден во …

Маск најави тужба против Епл Read More »