Европските лидери одлучуваат дали да го придружуваат Зеленски при посетата на Вашингтон


Европските лидери денеска ќе одлучат дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде придружуван за време на неговата посета на Вашингтон, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. На прашањето дали германскиот канцелар Фридрих Мерц би можел да го придружува Зеленски во Вашингтон, Вадефул одговори …

Европските лидери одлучуваат дали да го придружуваат Зеленски при посетата на Вашингтон Read More »

Политико: Триумфот на Путин во Алјаска


Рускиот претседател Владимир Путин ја напушти Алјаска многу задоволен. И имаше причина за тоа, пишува колумнистот Џејми Детмер во Политико. Средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, одржана во воена база од времето на Студената војна во близина на Анкориџ, му даде можност да се претстави на американска почва како рамноправен светски лидер, а не како …

Политико: Триумфот на Путин во Алјаска Read More »

Во пожарите во Бугарија повредени две лица


Во изминатото деноноќие противпожарните екипи во Бугарија реагирале на 142 повици за интервенција, при што биле изгаснати вкупно 111 пожари, соопшти Главната дирекција за „Пожарна безбедност и заштита на населението“. Во пожарите се повредени две лица, пренесува БТА. Со материјални штети се регистрирани 16 пожари – четири во станбени згради, еден во помошни или привремени …

Во пожарите во Бугарија повредени две лица Read More »

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени …

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје Read More »

Доларот паѓа втора недела по ред


На глобалните девизни пазари, доларот ослабе во однос на главните валути минатата недела, бидејќи најновиот извештај за инфлацијата во САД ги поддржа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки за прв пат оваа година во септември, што значи дека приносот на доларот е помал од другите глобални валути. Индексот на доларот, кој ја …

Доларот паѓа втора недела по ред Read More »

Ураганот „Ерин“ се засили до највисоката, петта категорија


Ураганот „Ерин“, првиот во Атлантскиот Океан за оваа сезона, се засили до катастрофална петта категорија според скалата на Сафир-Симпсон, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НЦУ). Бурата се наоѓа на околу 285 километри североисточно од главниот град на Порторико, Сан Хуан, придружена со постојани ветрови со максимална брзина од 260 км/ч. Според прогнозите на НЦУ, …

Ураганот „Ерин“ се засили до највисоката, петта категорија Read More »

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата


По повод 18 Август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Како што информира Армијата, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун. Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот …

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата Read More »

Македонските одбојкари ќе одат на што поубедлив триумф над Грузија


Македонската одбојкарска репрезентација има само една опција за да обезбеди учество на четвртото во низа Европско првенство. Тоа е што поубедлива победа над Грузија во последното коло квалификациите за ЕП 2026. Откако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во средата пропуштија шанса да освојат сет со Грција, сега ќе треба билетот за ЕП да го заверат …

Македонските одбојкари ќе одат на што поубедлив триумф над Грузија Read More »

Канадскиот премиер ја поздрави подготвеноста на САД за безбедносни гаранции за Украина


Канадскиот премиер Марк Карни ја пофали „подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина“ во рамките на договорот за прекин на војната на Русија против Украина. „Сигурните и доверливи гаранции се клучни за праведен и траен мир. Ја поздравувам подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции како дел од напорите на ‘Коалицијата на подготвените’“, …

Канадскиот премиер ја поздрави подготвеноста на САД за безбедносни гаранции за Украина Read More »

Во синоќешните протести во Србија уапсени 18 лица, повреден жандарм


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии. Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти …

Во синоќешните протести во Србија уапсени 18 лица, повреден жандарм Read More »

Синер и Алкараз финалисти на турнирот во Синсинати


Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз ќе се борат за трофејот на турнирот во Синсинати, САД. Во полуфиналните натпревари, Синер синоќа го победи Французинот Теренс Атман (7:6 (7:4), 6:2), а Алкараз ноќеска беше поуспешен од Германецот Александар Зверев (6:4, 6:3).  Тенисерите ќе се сретнат во финале на АТП турнирите по четврти пат. Финалето …

Синер и Алкараз финалисти на турнирот во Синсинати Read More »

Глобално лично богатство: Кои земји имаат најголем удел во Европа и каде се земјите од регионот


САД и Кина заедно поседуваат повеќе од половина од глобалното лично богатство (54%), додека Европа држи само 22%, а петте најголеми економии доминираат на листата. Во исто време, земјите од ЕУ поседуваат само 16,6% од светското лично богатство, а само ако се вклучат уште четири европски земји, тој процент се зголемува на 22,3%. САД поседуваат …

Глобално лично богатство: Кои земји имаат најголем удел во Европа и каде се земјите од регионот Read More »

Израелската армија почнува да ги преселува Палестинците. Подготвува напад врз градот Газа


Жителите на Газа ќе добијат шатори и друга заштитна опрема почнувајќи од утре пред нивното преместување од борбените зони во „безбедните“ зони на југот од енклавата, изјави портпарол на израелската армија. Одлуката доаѓа неколку дена откако Израел објави дека има намера да започне офанзива за преземање на контролата врз северниот град Газа, најголемиот урбан центар …

Израелската армија почнува да ги преселува Палестинците. Подготвува напад врз градот Газа Read More »

Сончево утро, нестабилно попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. …

Сончево утро, нестабилно попладне Read More »

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин


 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот шеф на државата, Владимир Путин започнаа разговори за можен крај на војната меѓу Русија и Украина. Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, претходно се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што …

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин Read More »

Рибакина убедливо ја совлада првата светска тенисерка Сабаленка


Руската тенисерка која игра под знамето на Казакстан Елена Рибакина ја надигра првата светска тенисерка Арина Сабаленка. Таа во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати на противничката и препушти само пет гема и мечот го доби во два сета 2:0 (6:1 и 6:4). Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде Ига Швјонтек од Полска која со …

Рибакина убедливо ја совлада првата светска тенисерка Сабаленка Read More »

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание


Собранието за утре закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се превидува – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат …

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание Read More »

Нафтена индустрија на Србија ги подготвува вработените доколку биде прогласена вонредна состојба во државата


Вработените во Нафтената индустрија на Србија денеска, на крајот од работното време, добиле известување на својот мејл во фирмата дека компанијата е должна да обезбеди „предуслови за спроведување на работните обврски доколку се прогласи вонредна или воена состојба“. Како што е наведено во известувањето доставено до агенцијата Бета од страна на вработените во таа компанија, …

Нафтена индустрија на Србија ги подготвува вработените доколку биде прогласена вонредна состојба во државата Read More »

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет е на пат кон Алјаска, тој е во авион одделно од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави функционер од одбраната за Си-Ен-Ен. Хегсет не беше меѓу функционерите на списокот на оние кои патуваат со американскиот претседател на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за војната во …

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин Read More »

Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце е нормализиран


Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце попладнево е нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Претходно поради пожар во близина на Јажинце патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево беше затворен за сообраќај.