Вредноста на „Епл“ го помина прагот од 2 билиони долари


Технолошката компанија „Епл“ (Apple) денеска стана прва американска компанија која котира на берзата со вредност од два билиона долари. Акциите на „Епл“ денеска пораснаа на 467,77 долари, а од почетокот на годината до денеска пораснаа за околу 60 проценти, а минатата година забележаа раст од 120 проценти. Американската технолошка компанија за повеќе од две години …

Вредноста на „Епл“ го помина прагот од 2 билиони долари Read More »

Комерцијална банка не е заинтересирана да преземе банка во стечај, ниту за договорот на Еуростандард банка со Пошта


Комерцијална банка не е заинтересирана да презема банка во стечај, изјавија за „Фокус“ од банката. „Истакнуваме дека Комерцијална банка не е заинтересирана за стекнување на банката во стечај, ниту за договорот со Македонски пошти, ниту, пак, за кој било имот на Еуростандард банка“, тврдат од банката за „Фокус“ . Притоа, се додава дека ваквата реакција …

Комерцијална банка не е заинтересирана да преземе банка во стечај, ниту за договорот на Еуростандард банка со Пошта Read More »

Колку ги чинеше ПСЖ за да стигнат до финалето во Лигата на шампионите и колку играчи беа купени?


Француските гиганти Пари Сен Жермен конечно го остварија својот сон да играат за трофејот на најпрестижниот турнир во европскиот клупски фудбал – Лигата на шампионите. Парижаните стигнаа до своето прво финале и се на еден чекор од посакуваниот успех. Во 2011 година клубот го купи арапскиот шеик Насер Ал-Келаифи, а целите беа 2 – целосна …

Колку ги чинеше ПСЖ за да стигнат до финалето во Лигата на шампионите и колку играчи беа купени? Read More »

И во Германија ќе се експериментира со универзален основен доход: 1.200 евра месечно, три години, без работа


Германските економисти и активисти го започнаа првото долгорочно истражување за универзален основен доход кое би можело да помогне во изнаоѓање решенија за последиците од корона кризата, објави германскиот институт за економски истражувања DIW. Како дел од истражувањето, испитаниците три години ќе добиваат по 1.200 евра месечно, објави во вторникот ДИВ, пишува Новац.хр. Во првата фаза …

И во Германија ќе се експериментира со универзален основен доход: 1.200 евра месечно, три години, без работа Read More »

Почна враќањето на ДДВ за граѓаните за второто тримесечје


Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020, соопшти денес преку Фејсбук, министерката за финансии Нина Ангеловска. Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра, вели таа. Ангеловска додава дека исплатата продолжува и деновиве, …

Почна враќањето на ДДВ за граѓаните за второто тримесечје Read More »

Над 34 илјади пензионери преку Еуростандард банка добивале пензии на домашна адреса


Над 34 илјади пензионери и речиси 20 илјади корисници на социјална помош кои парите ги добивале преку Еуростандард банка, примањата за овој месец ги добиле на домашна адреса со посредство на „Пошта“. Станува збор за последната исплата за минатиот месец што била направена во август пред Народната банка да ѝ ја одземе дозволата за работа …

Над 34 илјади пензионери преку Еуростандард банка добивале пензии на домашна адреса Read More »

НЛБ банка им овозможува на пензионерите достава на пензијата на домашна адреса


НЛБ банка – Скопје вчера соопшти дека на сите клиенти физички лица, кои имале активна трансакциска сметка во Еуростандард банка – Скопје и примале плата и пензија им нуди можност за брз и едноставен пренос на истата во НЛБ банка. „Клиентите кои ја примале својата плата или пензија во Еуростандард банка, ќе можат да отворат …

НЛБ банка им овозможува на пензионерите достава на пензијата на домашна адреса Read More »

Во европските банки под мораториум се 360 милијарди евра кредити


Најголемите банки во Европа воведоа мораториум или други олеснувања за отплата на над 360 милијарди евра кредити, а големото прашање е дали должниците ќе можат да продолжат да ги извршуваат своите обврски кога ќе завршат таквите мерки за поддршка, пишува Ројтерс. Според упатствата на владите и монетарните регулатори, заемодавателите им дадоа пауза на милиони граѓани …

Во европските банки под мораториум се 360 милијарди евра кредити Read More »

Куман ќе биде новиот тренер на Барселона


Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу потврди дека нов главен тренер на тимот ќе биде Роналд Куман. Официјалното назначување на Холанѓанецот уште не е факт, но е само формалност. – Сите медиуми пишуваат за тоа. Ако работите одат онака како што сакаме, Куман ќе го предводи тимот и ќе го објавиме тоа. Ние се обложуваме на …

Куман ќе биде новиот тренер на Барселона Read More »

РСЕ: Србија поставува жичана ограда на границата со Македонија


На границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почна поставување  жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево. Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договорот со ЕУ. …

РСЕ: Србија поставува жичана ограда на границата со Македонија Read More »

Елмас останува во Наполи до 2025 г.


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас го продолжи договорот со Наполи до 2025 година. Клубот соопшти дека ги продолжува договорите и со Ди Лоренцо и Марио Руи. – Официјално се обновени договорите на Ди Лоренцо, Елмас и Марио Руи до 2025 година, стои во соопштението на клубот.  

Во Грција рекордни 269 нови случаи на Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 269 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекордно висок број на дневно ниво од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно податоците од Националната организација за јавно здравје, 39 од случаите се по направените тестирања на влезните точки во земјата, регистрирани се и уште …

Во Грција рекордни 269 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Полскиот министер за здравство поднесе оставка


Полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски денеска поднесе оставка. Шумовски изминатиот период често беше критикуван за неговото справување со кризата предизикана од пандемијата со новиот коронавирус, како и поради скандалот со набавка на респиратори и заштитни маски. Тој негираше каква било вмешаност во малверзациите со набавките. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека до крајот на …

Полскиот министер за здравство поднесе оставка Read More »

Августовските пензии ќе се исплаќаат од 26 август во четири групи


Владата денеска во рамки на 81.седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 август, а им препорача на деловните банки од 26 август да обезбедат …

Августовските пензии ќе се исплаќаат од 26 август во четири групи Read More »

Социјалната помош ќе се исплаќа на 2, 3 и 4 септември


Владата денеска во рамки на 81.седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември). Како што соопшти владината прес-служба, дополнителнa исплата ќе се врши …

Социјалната помош ќе се исплаќа на 2, 3 и 4 септември Read More »

Владата бара МБА да изготви урнек за лицата кои не можат физички да пристапат до банките


Владата на денешната седница го прифати заклучокот според кој Македонска банкарска асоцијација во соработка со деловните банки треба да изготви за лицата кои не се во можност физички да пристапат до банката, урнек на полномошно за отворање на трансакциска сметка и/или за поврзување на истата со социјалниот број и за користење на средства од парични права …

Владата бара МБА да изготви урнек за лицата кои не можат физички да пристапат до банките Read More »

Заев е против разрешување на Регулаторната комисија за енергетика


Мандатарот за состав на нова влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е против разрешување на Регулаторната комисија за енергетика, што е едно од барањата на граѓаните кои протестираат против одлуката на РКЕ за зголемување на цената на струјата за 7,4 отсто. „Јас ги видов сите аргументи и образложенија на Регулаторната комисија и мислам дека …

Заев е против разрешување на Регулаторната комисија за енергетика Read More »

Виртуелните саеми ги заменија класичните – бизнисот бара алтернативни начини за промоција на извозот


Стопанствениците бараат алтернативни начини како да го промовираат извозот во услови на КОВИД-19 и кога стандардните манифестации, како шгто се саемите добиваат нови форми. Во таа насока денес во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на претставници на компании-членки на Клубот на извозници со Арбен Виља, директор на Агенцијата за странски инвестиции и …

Виртуелните саеми ги заменија класичните – бизнисот бара алтернативни начини за промоција на извозот Read More »

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка


Преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка ќе се обесштетуваат депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити. Според Фондот, целта на ваквата одлука, преку четири банки да се врши исплатата, е да се избегнат масовни собири. – Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на …

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка Read More »

(Видео) НАСА истражува мистериозна магнетна аномалија над Земјата


НАСА веќе неколку години активно следи една необична аномалија во магнетното поле на Земјата. Се работи за поголема област со помал магнетен интензитет на небото меѓу Јужна Америка и Африка. Овој феномен, наречен Јужно-атлантска аномалија (ЈАА), со години ги збунува научниците. Сателитите се особено чувствителни на ослабената јачина на магнетното поле во рамки на аномалијата, …

(Видео) НАСА истражува мистериозна магнетна аномалија над Земјата Read More »